Душан Комненовски
Душан Стојков Комненовски ( 1927 во Кучевиште, Скопско — 12 април 1945 во Срем, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПоминал тешко и мачно детство. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Кога во септември 1944 година во Кучевиште се формирала Шеснаесеттата македонска ударна бригада, стапил во нејзините редови. Учествувал во борбите против балистичките банди кои ги ограбувале селата на Скопска Црна Гора. Со Бригадата заминал на Косово, а потоа на Срем. На 12 април во Бригадата учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Во една од тие борби храбро загинал. Бил закопан на местото каде што загинал.[1]