Милан Комненовски

Милан Јорданов Комненовски ( 1921 во Кучевиште, Скопје25 февруари 1942 во Бојник, Лесковац, Србија) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1]

Милан Комненовски
Роден 1921 година
Кучевиште, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 25 февруари 1942 година
Бојник, Лесковац, Србија

Животопис

уреди

Завршил основно училиште во селото, а потоа чувал добиток. Кон крајот на 1941 година добил позив за отслужување на кадровски рок во бугарската фашистичка војска. Но, иако не сакал да му служи на окупаторот, бил принуден да се пријави на повикот бидејќи, во тоа време Скопскиот партизански одред бил разбиен.

Меѓутоа, во почетокот на 1942 година избегал од касарната и се приклучил на Сврлишкиот партизански одред. Учествувал во акциите на одредот против непријателот. На 25 февруари 1942 година во една тешка борба против бугарската фашистичка војска, храбро загинал кај селото Бојник, близу до Лесковац.

Бил закопан на местото, каде што го дал својот живот за слободата на татковината.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 76. На |first= му недостасува |last= (help)