Дренте

покраина во Холандија

Дренте (холандски: Drenthe) — покраина во североисточна Холандија. Се граничи со Оверајсел на југ, Фризија на запад, Гронинген на север и германската покраина Долна Саксонија на исток. Во 2019 г. Дренте имал 493.449 жители[2] и површина од 2.680 км2.

Дренте
Drenthe
покраина
Знаме на ДрентеГрб на Дренте
Дренте во рамките на Холандија
Дренте во рамките на Холандија
ЗемјаХоландија
Главен градАсен
Најголем градЕмен
Управа
 • Кралев комесарКета Клајнсма
 • СоветСовет на Дренте
Површина (2017)[1]
 • Вкупна2.680 км2 (1,030 ми2)
 • Земјишна2.634 км2 (1,017 ми2)
 • Вода46 км2 (18 ми2)
Население (2019)[2]
 • Вкупно493.648
 • Густина188/км2 (490/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
ИЧР (2018)0,903[3]
многу висок
Мреж. местоdrenthe.nl

Подрачјето е населено веќе 15.000 години. Подоцна станало дел од Епископското Кнежевство Утрехт, Хабсбуршките Ниски Земји, Холандската Република, Батависката Република, Кралство Холандија и Нискоземското Кралство. Постои како покраина од 1796 г. Главен град е Асен.

Дренте е ретко населено рурално подрачје, за разлика од многу делови на Холандија. Освен малите градови Асен (нас. 67.963[4]) и Емен (нас. 107.113), земјиштето на Дренте е земјоделско и има доста шуми и природни предели.[5][6]

Историја

уреди
 
Папелозе Керк, долмен кај Схонорд
 
Карта на Дренте од 1866 г.

Името Дренте доаѓа од поимот thrija-hantja со значење „три краја“.

Дренте е населен уште од праисторијата. Наодите од вулстонско време (пред 150.000 години) се маѓу најастарите во Холандија. Сè до бронзеното време ова впрочем било едно од најнајселените подрачја во Холандија. Највидливи докази за ова се долмените (хунебедови) изградени околу 3500 г. п.н.е. на североистокот на покраината. Тука се наоѓаат сите освен едел долмен во државта. Во 2006 г. е создадено заштитеното археолошко подрачје Струбен-Книпхорстбос меѓу Анло и Схипборг.

Највеќето бронзеновременски предмети во Холандија се најдени во Дренте. Од нив се гледа дека тогашното население имало големи трговски мрежи. Големите бронзени ситули (кофи) најдени во Дренте се изработени некаде во источна Франција или Швајцарија. Тие служеле за мешање на вино со вода (римско-грчки обичај). Многу од наодите се ретки и вредни предмети како ѓердани од калајни монистра, што укажуваат на тоа дека Дренте бил трговси центар на Холандија во бронзено време.

Во писмените наоди Дренте за првпат се среќава во документ од 820 г. како Pago Treanth (околија Дренте). Архиците од Утрехт од 1024 до 1025 г. спомуваат град Дренте, кога царот Хајнрих II му го предал на епископот Адалболд II Утрешки. Потчинувањето на овој регион на Светото Римско Царство го доживеало својот врв во Дрентскиот крстоносен поход започнат од папството околу 1228-1232 г.[7]

По долго време под Утрешката епископија, епископот Хајнрих Фалечки во 1528 г. му го отстапил Дренте на царот Карло V, кој го припоил кон Хабсбуршките Ниски Земји. Со прогласувањето на Републиката на Седумте Обединети Покраини во 1581 г. Дренте станал дел од Грофовијата Дренте, иако никогаш не се стекнал со целосен покраински статус поради сиромашноста на крајот; покраината била толку сиромашна што била ослободена од државни даноци, и поради тоа немала свои претставници во Генералниот совет. Батависка Република која уследила го прогласила за покраина на 1 јануари 1796 г.

Географија

уреди
 
Националниот парк Двингелдерфелд
 
Националниот парк Дрентски А

Дренте е сместен во североисточна Холандија. На север е Гронинген, на запад е Фризија, на југ е Оверајсел, а на исток е се германските окрузи Емсланд и Грофовија Бентхајм во покраината Долна Саксонија.

Ова е деветта по големина покраина во Холандија. Зафаќа површина од 2.683 км2, од кои 2.639 км2 се копно и 44 км2 вода. Околу 72 % од земјиштето (1.898 км2) е земјоделско.[8]

Дренте има неколку вресишта и нема значајни реки и езера. Во покраината навлегуваат националните паркови Дретско-фризиска Шума и Двингелдерфелд, како и националниот предел Дрентски А.

Најголеми населени места се покраинското седиште Асен на север и Емен, Мепел, Хогевен и Куворден на југ.

Општини

уреди

Покраината има 12 општини:[9][10]

Општина Население[9] Густина
(жит./км2)[10]
Површина
(км2)[10]
А ен Хунзе &1000000000002533300000025.333 93  278,88 
Асен &1000000000006720900000067.209 820  83,45 
Боргер-Одорн &1000000000002563300000025.633 94  277,89 
Куворден &1000000000003577100000035.771 121  299,69 
Емен &10000000000108003000000108.003 324  346,25 
Хогевен &1000000000005468000000054.680 430  129,25 
Мепел &1000000000003287500000032.875 585  57,03 
Миден-Дренте &1000000000003336800000033.368 98  345,87 
Норденфелд &1000000000003111000000031.110 154  205,32 
Тинарло &1000000000003250600000032.506 225  147,7 
Вестерфелд &1000000000001890200000018.902 69  282,74 
Де Волден &1000000000002359200000023.592 106  226,35 

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1899 148.544—    
1930 222.432+49.7%
1960 311.196+39.9%
1970 366.590+17.8%
1980 418.479+14.2%
1990 441.028+5.4%
2000 469.806+6.5%
2010 490.981+4.5%
Извор: CBS[11][12][13]

Во 2014 г. Дренте имал 488.957 жители со густина од 182,2 жит./км2.[8][14] Ова е една од наслабо населените покраини во земјата, само пред Флеволанд и Зеланд. Најголема општина е Емен.

Религија

уреди

Во 2015 г. 23,8 % од жителите биле протестанти, 9,3 % биле католици, 0,9 % биле муслимани, 3,6 % припаѓале на други цркви и вери. Повеќе од половина (62,4 %) се изјасниле како нерелигиозни.

Стопанство

уреди

Најважната гранка е земјоделството, но околу поголемите градови има и индустрија. Застапен е и туризмот.

Мирните предели во покраината привлекуваат туристи. Дренте е познат по туристичкиот велосипедизам и има стотици километри велоспедски патеки низ шуми, вредишта и долж канали. Покраината извесува во Холандија и увезува суровини и стоки до Германија, што ја прави поволна за деловно работење. Тука се сместени бројни холандски и германски меѓународни претпријатија.

Бруто домашниот производ (БДП) на покраината изнесувал 15,1 милијарди евра во 2018 г., што сочинува 1,9 % од производството во Холандија. БДП по глава на жител прилагоден на куповната моќ изнесува 26.700 евра.[15]

Наводи

уреди
  1. „Error“. Архивирано од изворникот на 13 јануари 2020. Посетено на 10 јануари 2020.
  2. 2,0 2,1 „CBS Statline“.
  3. „Sub-national HDI – Area Database – Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org. Посетено на 13 септември 2018.
  4. „CBS Statline“.
  5. Drenthe. „Drentse loofbossen zijn van topkwaliteit!“. Provincie Drenthe. Архивирано од изворникот на 20 септември 2022. Посетено на 16 септември 2022.
  6. wandelverhaal (3 јуни 2021). „Drenthe, de oerprovincie van Nederland“. WANDELVERHAAL. Посетено на 16 септември 2022.
  7. Maier, Christoph T. (2006). „Drenthe Crusade (1228–1232)“. Во A. V. Murray (уред.). The Crusades: An Encyclopedia. 4 vols. ABC-CLIO. vol. 2, p. 365.
  8. 8,0 8,1 Bodemgebruik; uitgebreide gebruiksvorm, per gemeente, Statistics Netherlands, 2013. посет. 14 април 2014 г.
  9. 9,0 9,1 „Bevolkingsontwikkeling; regio per maand“. CBS Statline. CBS. 10 март 2014. Посетено на 2 април 2014.
  10. 10,0 10,1 10,2 „Kerncijfers wijken en buurten“. CBS Statline. CBS. 20 декември 2012. Посетено на 2 април 2014.
  11. Volkstelling 1899; algemene uitkomsten per gemeente, Statistics Netherlands, 1999. посет. 1 април 2014 г.
  12. Volkstelling 1930; bewoners naar geslacht en geboorteplaats, Statistics Netherlands, 2006. посет. 1 април 2014 г.
  13. Bevolkingsontwikkeling; levendgeborenen, overledenen en migratie per regio, Statistics Netherlands, 2013. посет. 1 април 2014 г.
  14. Bevolkingsontwikkeling; regio per maand, Statistics Netherlands, 2017. посет. 13 февруари 2017 г.
  15. „Regional GDP per capita ranged from 30% to 263% of the EU average in 2018“. Eurostat.

Надворешни врски

уреди