Фризија (покраина)

(Пренасочено од Фризија (Холандија))

Фризија или Фрисланд (западнофризиски: Fryslân; холандски: Friesland) — покраина во северниот дел на Холандија и дел од поголемата историска област Фризија.

Фризија
Fryslân
Покраина во Холандија
Знаме на ФризијаГрб на Фризија
Химна: De âlde Friezen
(„Старите Фризи“)
Покраината Фризија на карта на Холандија
Покраината Фризија на карта на Холандија
ЗемјаХоландија
Адин. центарЛеуварден
Управа
 • Краличин комесарЏон Јоритсма
Површина
 • Земјиште3,349 км2 (1,293 ми2)
 • Вода2,392 км2 (0,924 ми2)
Ранг3-та
Население (2010)
 • Земјиште646,305
 • Ранг8-ма
 • Густина190/км2 (500/ми2)
 • Ранг11-та
ISO 3166NL-FY
Религија (2005)протестантство 30%
католицизам 6%
ислам 2%
Мреж. местоwww.fryslan.nl

Покраината има 646.000 жители (2010), а нејзин административен центар е градот Леуварден (фриз. Љоуверт) со 91.817 жители.

До 1996 г, името на покраината гласело Friesland според холандскиот правопис, кога покраинскиот совет одлучил да го замени со изворното фризиско име Fryslân.[1] Во 2004 г. решението добило потврда и од владата на Холандија на државно ниво.[2]

Географија

уреди

Фризија е најголемата покраина во Холандија доколку се вбројат водните површини, а само по земјишна површина е трета. Најголемиот дел е копнен, но покраината има неколку острови: Влиланд, Терсхелинф, Амеланд и Схирмониког, поврзани со копното со траектен сообраќај. Највисока точка во покраината е место на островот Влиланд, со 45 м надморска височина. Има четири национални паркови: Схирмониког, Де Алде Фјанен, Лауверсмер (го дели со Гронинген) и Дрентско-фризиската шума (го дели со Дренте).

Историја

уреди

Периодот од 400-200 п.н.е. го бележи појавувањето на прафризиската култура, која подоцна се развила во попрепознатлив облик. Во 12 п.н.е. Римјаните ја зазеле Фризија со походот на војсководецот Друз Постариот во Германија. Во VII и VIII век во областа се развило Фризиското Кралство.

На почетокот на средниот век, Фризија се протегала од денешната граница со Белгија до реката Везер во Германија. По припојувањето кон Франкиското царство, Фризија била поделена на три дела, а на почетокот на XI век во западниот дел на областа се појавила нова сила, грофовијата Холандија.

Јазик и стопанство

уреди

Фризија е единствената покраина во Холандија со свој јазик, западнофризискиот, кој е воедно застапен и во мал дел од соседната покраина Гронинген на исток. Најсродни на него се останатите фризиски јазици што се говорат во Германија: источнофризискиот (сатерски) што се говори во Затерланд и севернофризискиот, застапен во Северна Фризија. Сите тие се во блиско сродство со англискиот јазик.

Стопанството е претежно земјоделско, со познати автохтони раси на домашни животни како што е фризиското говедо и црниот фризиски коњ. Значаен удел во стопанството има и туризмот: главни одредишта се езерата во југозападиот дел на покраината и Ваденското Море на север.

Градови

уреди
 
Канал во Леуварден и црквата Св. Бонифациј
 
Фризиско говедо
 
Фризиски коњ

Старите градови во Фризија се следниве:

Холандски Западнофризиски Прогласен
Леуварден Љоуверт 1285 и 1435
Снек Снитс 1456
Ејст Дрилтс 1268
Слотен Слијат 1426
Ставорен Старум 1118
Хинделопен Хилпен 1285
Воркум Варкум 1399
Болсвард Боалсерт 1425
Харлинген Харнс 1234
Франекер Фрјентсјер 1374
Докум Докум 1298

Најголеми градови

уреди
Град (фризиско име) Население
1 Леуварден (Љоуверт) 96.578
2 Драхтен 44.598
3 Снек (Снитс) 33.401
4 Херенфен (Ит Хиаренфиан) 28.497
5 Харлинген (Харнс) 15.729
6 Докум 13.145
7 Франекер (Фрјенцјер) 12.995
8 Јауре (De Јаувер) 12.902
9 Волвега (Волвегија) 12.738
10 Лемер (Де Лемер) 10.220

Извор: Fryslân.nl (1 декември 2009), општ. и CBS

Демографија

уреди
Население на Фризија низ историјата[3][4]
Година Население
1714 129.243
1748 135.195
1796 161.513
1811 175.366
1830 204.909
1840 227.859
1850 243.191
1860 269.701
1870 300.863
1880 329.877
1890 335.558
1900 340.263
Година Население
1910 363.625
1920 385.362
1930 402.051
1940 424.462
1950 465.267
1960 478.206
1970 521.820
1982 592.314
1990 599.151
1999 621.222
2010 646.305

 

Периодот од 1880 од 1900 бележи забавен природен прираст. Поради земјоделска криза, 20.000 Фризи се иселиле во САД.[5]

Уште од доцниот среден век, Фризите биле познати како особено висок народ, меѓу највисоките во индоевропската група. За ова сведочат стиховите во делото „Пеколот“ од италијанскиот хуманист Данте Алигиери, каде опишува еден демон кој е толку висок, што тројца високи Фризи нема да го надминат ако застанат еден врз друг.[6]

Клима

уреди
Клима на Леуварден (1971–2000)
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Апсолутна максимална (°C) 12,6 14,4 20,4 26,0 28,7 32,5 31,4 32,8 29,1 23,8 16,4 14,2 32,8
Просечна максимална (°C) 4,6 5,1 8,3 11,4 15,9 18,1 20,3 20,8 17,6 13,4 8,7 5,8 12,5
Просечна температура (°C) 2,4 2,5 5,0 7,4 11,6 14,3 16,4 16,6 13,9 10,1 6,1 3,6 9,2
Просечна минимална (°C) −0,2 −0,4 1,6 3,2 6,9 9,8 12,2 12,0 9,8 6,6 3,3 1,1 5,5
Апсолутна минимална (°C) −19,9 −16,3 −16,3 −5,9 −1,7 1,3 5,7 5,4 2,0 −6 −14,2 −19,2 −19,9
Просечно кол. врнежи (мм) 66 42 59 38 51 69 64 60 82 78 84 73 767
Извор: Knmi.nl[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Решение на Покраинскиот совет на Фризија“. Покраинско собрание на Фризија (7). 28 март 1996. |access-date= бара |url= (help) (западнофризиски)
  2. Friesland ќе се нарекува Fryslân во целата држава“. Leeuwardener Courant. 10 ноември 2004. Посетено на 11 август 2012. (холандски)
  3. Историски преглед на населението во Фризија (1714-2000) Архивирано на 8 февруари 2006 г. - Tresoar (холандски)
  4. Население во 2010 г. - Централно биро за статистика (CBS) (холандски)
  5. Иселување во САД Архивирано на 31 октомври 2010 г. (холандски)
  6. Алигиери, Данте. „Божествена комедија“, „Пекол“, песна 31, стих 64
  7. „Knmi.nl“. Посетено на 18 март 2011. (холандски)

Надворешни врски

уреди