Панега
река во Егејска Македонија
Панега (Просеченска Река, Лиса Чај или Севендрија Чај[1]; грчки: Αγγίτης, Ангитис) — река во Драмско и Зихненско, Егејска Македонија. Претставува притока на Драматица, иако грчките географи ги сметаат обратно.
Панега Αγγίτης | |
---|---|
Панега на излез од пештерата Маара | |
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Драмско и Зихненско, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | пештера Маара кај Нов Калапот |
• координати | 41°13′12″N 23°53′39″E / 41.2200° СГШ; 23.8941° ИГД |
Устие | |
• место | Драматица кај Баница |
• координати | 41°01′48″N 24°02′00″E / 41.0301° СГШ; 24.0333° ИГД |
Особености на сливот | |
Течение
уредиРеката извира од пештерата Маара кај селото Нов Калапот (поточно поранешното село Буџак) и влева во Драматица кај Баница.
Потекло на името
уредиИмето се среќава кај византиските автори како Панака (Πάνακα), акузтив на Панакс (Πάναξ). Ова не е грчко име, туку изведено од старото *Панек, *Паник, кое пак доаѓа од тракиското *panik(a), „река“. Името е од индоевропскиот корен *pan - „блато“, „тиња“.[1]