Драматица

(Пренасочено од Драманица)

Драматица или Ангиста (понекогаш Драманица[1]; грчки: Αγία Βαρβάρα/Αγγίτης, Ангитис) — река во источниот дел на Егејска Македонија (денес во Грција) по чие течение е сместен градот Драма. Во Грција, за почеток на реката се смета нејзината притока Панега, која извира од пештерата Маара кај с. Нов Калапот (Ангитис) и се влева во Драматица кај с. Фотилово. Драматица почнува од нејзините извори во Драма и сè до Фотилово Грците ја нарекуваат Света Варвара (Аја Варвара).

Драматица
Αγία Βαρβάρα/Αγγίτης
Драматица во клисурата Ташлак
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајДрамско и Серско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоДрама
 • координати41°09′01″N 24°08′29″E / 41.1504° СГШ; 24.1413° ИГД / 41.1504; 24.1413
Устие 
 • место
Струма кај Доксамбос
 • координати
40°54′07″N 23°48′38″E / 40.9020° СГШ; 23.8106° ИГД / 40.9020; 23.8106
Должина75 км
Особености на сливот
Драматица во рамките на Егејска Македонија
извор
утока

Со должина од 75 км, Драматица е најголемата притока на Струма во Егејска Македонија. Тече низ Драмско и Серско.

Почнувајќи од кај зихненското село Баница, јужно од Алистратик, реката тече стрмната клисура Ташлак (Враус) должина од 9 км и длабочина од 80 до 150 метри. Завршува кај Станица Анџишта (Статмос Ангистис), каде се наоѓа стариот Драматички мост. Водите во клисурата се мошне погодни за практикување на сплаварењето. Оттука, реката преоѓа во полето, каде се влева во Струма.

Историја

уреди

Реката ја споменува уште Херодот (VII, 112[2]) во V век пр. н.е. На почетокот на XX век, речиси целото течение на Драматица ја образува етничката граница помеѓу Грците и Македонците — селата на север од реката биле македонски, а на југ — грчки.[3]

На реката Драматица се случиле неколку настани во историјата на Македонија. На 18-19 март 1903 г. група дејци на Македонската револуционерна организација, предводена од Гоце Делчев, извршила атентат, минирајќи железнички тунел и мост на реката.

Во мај 1913 г., уште пред почетокот на Втората балканска војна, на подрачјето на реката доаѓа до вооружени судири помеѓу бугарски и грчки единици.

Поврзано

уреди

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Йордан Иванов. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр.118.
  2. Inquiries by Herodotus Book 7.
  3. „Васил Канчов. „Македонија. Етнографија и статистика". Софиja, 1900. (вид. картата)“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-06-05.