Драматички мост

мост во Зихненско, Егејска Македонија

Драматички мост (грчки: Γεφύρι Αγγίστας) — стар османлиски камен мост во областа Зихненско, Егејска Македонија.[1]

Драматички мост
Γεφύρι Αγγίστας
Поглед на мостот и реката Драматица
Координати41°0′45″N 23°56′27″E / 41.01250° СГШ; 23.94083° ИГД / 41.01250; 23.94083
ПреминуваДраматица
Местомеѓу Станиџа Анџиша и Станица Драчево, Зихненско, Егејска Македонија
Особености
Видлачен
Материјалкамен
Висина5,9 м
Распони5
Местоположба
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found

Местоположба

уреди

Мостот ја преминува реката Драматица (Ангитис), лева притока на Струма, и се наоѓа непосредно до селото Станица Анџишта (на јужниот лев брег) и селото Станица Драчево (на северниот десен).

Историја

уреди

Се смета дека мостот потекнува од антиката. Последната фаза е од раноосманлиско време. Неговата непрекината употреба толку долго време укажува на значајноста на патот кој ја поврзува рамнината со северното и западното подножје на планината Кушница.[1]

Опис

уреди

Мостот има пет заострени лакови, од кои денес се гледаат само четири. Претставува единствениот преостанат своден мост во источна Егејска Македонија. Висок е 5,9 м и има насоченост север-југ. Изграден е од делкан варовнички туф и силен малтер.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Γεφύρι Αγγίστας“. Πέτρινα Γεφύρια. Посетено на 10 февруари 2022.

Надворешни врски

уреди