Драге Кирев Ристески (прекар: Драге Карбуничанец) ( 1922 во Карбуница, Кичевско30 мај 1943[1] во Невестински Гроб, Лопушник, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[2]

Драге Ристески
Роден 1922 година
Карбуница, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 30 мај, 1943 година
Невестински Гроб, Лопушник, Кичевско, Македонија под фашистичка окупација.
Националност Македонец

Животопис

уреди

Потекнувал од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Како млад симпатизер на народно ослободителното движење, во пролетта 1943 година станал член на СКОЈ и меѓу првите заминал во партизанското прифатилиште во Лопушник каде учествувал во формирањето на Кичевско-мавровскиот партизански одред на 21 мај 1943 година. По неколкуте акции, Одредот се судрил со балистите во Лопушник кај месноста Невестински Гроб во кој судир Драге бил смртно погоден. Тој е првата жртва на Одредот.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 697.
  2. 2,0 2,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 106.