Драган Павловиќ - Шиљо
Драган Павловиќ (роден во 1908 година во Белград - починал на 21 јануари 1942 година во Пјеновац, Босна) — југословенски партизан и комунистички деец.[1]
Драган Павловиќ | ||
Роден | 1908 Белград, Кралство Србија | |
---|---|---|
Починал | 21 јануари 1942 Пјеновац, Босна, Независна Држава Хрватска | |
Националност | Србин | |
Занимање | партизан деец | |
Роднини | Драган Павловиќ Латас |
Животопис
уредиПо завршување на гимназијата во 1926 година, Драган Павловиќ студирал на Техничкиот факултет во Белград и станал член на КПЈ во 1936 година. Работел во партиската техника и во Редакцијата на сп. „Наша стварност“, а по апсењето (1937) бил осуден на две години во затворите во Марибор и Митровица. По излегувањето, бил секретар на Црвената помош за Србија (од крајот на 1939) и секретар на Црвената помош на ЦК на КПЈ.
Бил учесник на Петтата земска конференција на КПЈ во Загреб, 1940година. По Априлската војна (1941), во својство на повереник и инструктор на ЦК на КПЈ, во два наврата престојувал во Македонија (јули и септември 1941), каде што соработувал со Лазар Колишевски во отстранувањето на Методија Шаторов - Шарло и формирањето на партизански одреди. Подоцна бил политички комесар на шумадискиот (крагуевачкиот) НОПО (од септември – 21. ⅩⅠⅠ 1941).
Загинал во борба со германските сили како политички комесар на Петтиот (белградски) НО баталјон на Првата пролетерска НОУБ. Прогласен е за Народен херој на Југославија во 1951 година.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Павловиќ “. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1103. Text "series " ignored (help)