Драган Мутибариќ
Драган Мутибариќ (Сомбор, 10 ноември 1946) — поранешен југословенски и српски фудбалер, член на југословенската репрезентација.
Лични информации | |||
---|---|---|---|
Целосно име | Драгомир Мутибариќ | ||
Датум на раѓање | 10 ноември 1946 | ||
Место на раѓање | Сомбор, СФРЈ | ||
Положба | голман | ||
Младинска кариера | |||
1960– | Бечеј | ||
Срем | |||
Возрасна кариера* | |||
Години | Екипа | Наст. | (Гол.) |
1966–1975 | Вардар | 239 | (0) |
1975–1976 | ФК Шалке 04 | 2 | (0) |
1976–1977 | ФК Швенинген | 22 | (0) |
1977–1978 | Трепча | 21 | (0) |
1979–1984 | Вардар | 23 | (0) |
1984–1988 | Тетекс | 44 | (0) |
1988–1989 | Македонија Ѓорче Петров | 49 | (0) |
1989–1995 | ФК Мигрогранулат Гостивар | 57 | (0) |
Меѓународна кариера | |||
1967–1969 | Југославија П21 | 5 | (0) |
1969–1970 | Југославија | 10 | (0) |
Тренерска кариера | |||
1995–2006 | ФК Вардар (Тренер на голманите) | ||
2006–2008 | ФК Работнички (Тренер на младинската екипа) | ||
*Клупски домашни лигашки настапи и голови |
Кариера
уредиРоден е на 10 ноември 1946 година во Сомбор.[1] Започнал да брани гол во 1960 година во Бечеј, а потоа како талентиран голман се преселил во Срем од Сремска Митровица и како младинец на овој клуб двапати бранел за репрезентацијата на Бачка и четири пати за селекцијата на Војводина, за подоцна да биде на голот и југословенската младинска репрезентација (1964).
Од 1966 до 1975 година, го достигнал зенитот на својата кариера во редовите на скопски Вардар, за кој бранел на преку 600 натпревари.[2] Една сезона (1975/76) бил член на германскиот тим Шалке 04 од Гелзенкирхен, но бранел само на два натпревари во Бундеслигата. Во 1978 година бранел во финалето на Купот на Југославија за Трепча против Риека, кога Риека победила со 1-0 во продолжението.[3]
Покрај три натпревари за младинската и пет за младата репрезентација, тој бранел и на 10 натпревари за А селекцијата на Југославија. Дебитирал на 26 февруари 1969 година против Шведска во Сплит, а својот последен натпревар за државната репрезентација го одиграл на 28 октомври 1970 година против екипата на СССР во Москва.[4]
Како член на скопски Вардар, во јули 1984 му истекол неговиот четиригодишен договор, и тој потпишал за Тетекс од Тетово како 38-годишник. Подоцна настапувал за Македонија Ѓорче Петров и Микрогранулат Гостивар, клуб од регионална лига, каде што ја завршил кариерата.
Во Вардар бил прогласен за најдобар голман на сите времиња. Пет години по ред бил прогласуван за најдобар спортист во Македонија. Од 1992 година, работел и како тренер на голманите во Вардар. Од 1992 до 1996 година бил тренер на голманите на македонската репрезентација. Живее во Скопје во населбата Лисиче. Со сопругата Милица, имаат син Слободан.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Dragan Mutibarić − Profile“. bdfutbol.com. 8 септември 2019. Посетено на 8 септември 2019.
- ↑ „Мутибарић, чувени голман Вардара, живи од инвалидске пензије“. srbi.org.mk. 25 мај 2019. Посетено на 8 септември 2019.[мртва врска][мртва врска]
- ↑ „Куп Југославије RSSSF“. rsssf.com. 8 септември 2019. Посетено на 8 септември 2019.
- ↑ „Reprezentativci: Dragan Mutibarić“. reprezentacija.rs. 8 септември 2019. Посетено на 8 септември 2019.
- ↑ „За Македонце ни Муто није легенда: Мутибарић, чувени голман Вардара, живи од инвалидске пензије“. Вечерње новости. 19 мај 2019. Посетено на 8 септември 2019.
Надворешни врски
уреди- Драган Мутибариќ на страницата worldfootball.net