Донауштауф
Донауштаф (германски: Donaustauf) — гратче и општина во округот Регенсбург, Баварија, сместено на 5 км источно од истоимениот град, во подножјето на Баварската Шума. Над местото се издигаат рушевините на средновековниот замок, изграден некаде помеѓу 914 и 930 г. На блискиот рид крај реката Дунав се наоѓа впечатливиот тевтонски паметник „Валхала“ направен по пример на Партенонот во Атина. Паметникот е изграден по нарачка на баварскиот крал Лудвиг I и отворен на 18 октомври 1842 г. со цел да ги чествува великаните од историјата на германските народи[2]
Донауштауф
Donaustauf | |
Поглед на Донауштауф кон црквата „Св. Мартин“ од срушениот замок | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Баварија |
Адм. подрач. | Горен Пфалц |
Округ | Регенсбург |
Општ. заед. | Донауштауф |
Градоначалник | Ханс Лаубергер (ХСС) |
Основни податоци | |
Површина | 9,72 км2 |
Надм. височина | 358 м |
Население | 4.589 (31 декември 2023)[1] |
- Густина | 472 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | R |
Пошт. бр. | 93093 |
Повик. бр. | 09403 |
Портал | donaustauf.de |
Местоположба на Донауштауф во рамките на округот Регенсбург | |
Координати | 49°01′44″N 12°12′29″E / 49.02889° СГШ; 12.20806° ИГД |
Гратчето било лено во Војводството Баварија, но во 1710 г. е предадено на Регенсбуршката архиепископија. Во 1803 г. влегло во соостав на новосоздаденото Кнежевство Регенсбург, но само по 7 години ѝ е вратено на Баварија согласно Парискиот договор од 1810 г., која пак им го подарила на кнезовите на Турн и Таксис. Во 1899 г. владејачкото семејство е унапредено во војводско, добивајќи ја титулата Војводи на Верт и Донауштауф.
Во 1843 г. е изграден нов замок за Максимилијан Карл, кнезот на Турн и Таксис. Истиот е наполно уништен во пожар на 4 март 1880 г.[3]
Населени места во општината
уредиОпштината Донауштауф се состои од седум населени места:[4]
- Дахсберг
- Донауштауф
- Хамермиле
- Кламер
- Нојмиле
- Паркхаус
- Сулцбах на Дунав [5]
Поранешното место Рајфлдинг е припоено кон потесниот Донауштауф.
Галерија
уреди-
Стариот замок на гравура од 1644 г.
-
Споменикот „Валхала“
-
Црквата „Св. Спас“
-
Црквата „Св. Архангел Михаил“
-
Улицата „Максштрасе“
-
Рушевина од замокот
-
Црквата „Св. Спас“ и „Валхала“. Лео фон Кленце, 1839 г.
-
Некогашната градска управа
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Преглед на состојбата на населението“. Баварска служба за статистика и обработка на податоци. јуни 2024. (германски)
- ↑ Adalbert Müller, 1847. Donaustauf and Walhalla. Published by G. J. Manz, Regensburg.
- ↑ Големиот пожар во Донауштауф од 4 март 1880 г.[мртва врска] (германски)
- ↑ Донауштауф во Базата на податоци за населените места на Баварска покраинска библиотека. Баварска државна библиотека, посет. 28 ноември 2017 г (германски)
- ↑ Порано самостојна општина, припоена кон Донауштауф на 1 мај 1978 г. согласно реформите во месната самоуправа. Извор: Statistisches Bundesamt, уред. (1983). Historisches Gemeindeverzeichnis für die Bundesrepublik Deutschland. Namens-, Grenz- und Schlüsselnummernänderungen bei Gemeinden, Kreisen und Regierungsbezirken vom 27. 5. 1970 bis 31. 12. 1982. Stuttgart/Mainz: W. Kohlhammer GmbH. ISBN 3-17-003263-1.
Надворешни врски
уреди„Донауштауф“ на Ризницата ? |
- Портал на Донауштауф Архивирано на 2 јуни 2017 г. (германски)
- Информации за рушевините на замокот во Донауштауф (германски)
- Слики на Донауштауф од воздух