Доганџи

село во општината Седес, Солунско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Дованџи)

Доганџи или Дованџи (грчки: Άγιος Αντώνιος, Агиос Андониос; до 1927 г. Δογαντζή, Доганѕи[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Седес на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 546 жители (2021).

Доганџи
Άγιος Αντώνιος
Доганџи is located in Грција
Доганџи
Доганџи
Местоположба во областа
Доганџи во рамките на Седес (општина)
Доганџи
Местоположба на Доганџи во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°26.12′N 23°5.35′E / 40.43533° СГШ; 23.08917° ИГД / 40.43533; 23.08917
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаСедес
Општ. единицаЦарево Село
Надм. вис.&10000000000000303000000303 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно546
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа на Халкидичкиот Полуостров, јужно од Солун и јужно од Седес. Лежи на планината Холомонда.

Историја

уреди

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Доганџи било турско село, не наведувајќи го бројот на жители.[3]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 13 жители, кои во 1920 г. се накачило на 20 лица.[4] Во 1924 г. населението на Доганџи како турско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. На негово место се доселени грчки доселеници — околу 80 % Понд (претежно од селото Агиос Андониос), 25 % Каракачани и 5 % од Тракија. Во 1927 г. е преименувано во Агиос Андониос, по старото село на највеќето дојденци. Во 1928 г. Доганџи е претставено како наполно дојденско село со 9 семејства сочинети од 37 лица.[5]

Месности во Доганџи преименувани со службен указ на 21 октомври 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Хасапли[6] Χασαπλή Халасмата Χαλάσματα[7] бивше село на СЗ од Доганџи[6]
Хасапли[6] Χασαπλή Корифи Κορυφή[7] возвишение на СЗ од Доганџи (399,5 м)[6]
Махмутли[6] Μαχμουτκλή Плагиес Πλαγιές[7] месност на СИ од Доганџи[6]
Варџилар[6] Βαρζελάρ Спитакија Σπιτάκια[7] бивше село на Ј од Доганџи[6]
Патели[6] Πατέλι Смикси Σμιξι[7] месност на Ј од Доганџи[6]
Колауслу[6] или Колаусла Κολάουσλα Спита Σπίτια[7] поранешно село на ЈИ од Доганџи[6]
Чаири[6] Τσαΐρια Дендрулија Δεντρούλια[7] месност на Ј од Чели и на ЈИ од Доганџи[6]
Асликија[6] Άσλίκια Плеврес Πλεϋρες[7] месност на Ј од Чели и на ЈИ од Доганџи[6]
Турлас[6] или Турлос Τοϋρλος Трулос Τρούλος[7] врв на Ј од Чели и на ЈИ од Доганџи[6]
Пелит[6] Πελίτ Плагијада Πλαγιάδα[7] месност на ЈИ од Чели[6]
Чам Дере Τσάμ Ντερέ Рема Ρέμα[7] река

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 779 647 546
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 32.
  4. Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 316. ISBN 9989-9819-6-5.
  5. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  6. 6,00 6,01 6,02 6,03 6,04 6,05 6,06 6,07 6,08 6,09 6,10 6,11 6,12 6,13 6,14 6,15 6,16 6,17 6,18 6,19 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  7. 7,00 7,01 7,02 7,03 7,04 7,05 7,06 7,07 7,08 7,09 7,10 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 669. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 208): 1478. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)