Добриништа

село во Банско, Пиринска Македонија
(Пренасочено од Добриниште)

Добриништа,
Бугарија Бугарија

Добриништа

Област

Благоевградска

Општина

Банско

Население

2.836
(според 2011)

Регистарска ознака

E (BG)
Градоначалник Иван Кадеев
Надморска височина 842 м
Портал Нема
Координати: С, И

Добриништа (од 1966 г. офиц. Добриниште) — гратче во Општина Банско, Пиринска Македонија, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на Добриништа

Добриништа лежи во подножјето на планината Пирин и се наоѓа на само 6 километри јужно од општинскиот центар Банско и 13 километри јужно од Разлог. Се наоѓа на надморска височина од 842 метри.

Има 17 минерални извори со температура на водата помеѓу 43 и 30 степени целзјусови. Во градот има голем број на приватни хотели. Во центарот на Добриништа се наоѓа хотелот „Добриниште“ кој е дел од ски-комплексот „Добриниште“. За туристите во Добриништа обезбеден е бесплатен превоз до скијачкото место.

Гратчето има четири маали - Белиот Рид на североисток, Вабело во центар од и северозападниот дел, Бунаре на југозапад и Шебелица на југоисток.

Историjа

уреди

Со своите минерални води и поволната географска положба, во Добриништа имало услови за живот многу време пред да се појават Тракијците на овие територии. Во селото и неговата околина е пронајдена тракиска и римска керамика. Во месноста Доматарско се пронајдени урнатини од тракиска населба, додека во месноста Гумништа (поранешно древно село) се пронајдени монети од времето на римскиот цар Нерон (I век).

Крај реката Дисилица (Добринишка Река) која, минува низ Добриништа, има минрални извори и точно таму се откриени стари базени. На два од нив, основата во изградбата е римска, а нагоре - турска.

 
Црквата „Св. Петар и Павле“

Во текот на VII век, месното население во Добриништа постепено почнато да се меша со словенското племе Смолјани, коишто трајно се населиле по течението на реката Места и главно во Разлошко.

Селото се споменува во османлиските извори од 1605 година како Добруштене. Според бугарскиот академик Иван Дуриданов, потеклото на името Добриништа произлегува од личното име Добрин и наставката -ишти.[1]

Во првите години на османлиската власт, голем дел од населението на Добриништа го напуштило селото барајќи спас на Пирин Планина, населувајќи се во некогашните раселени тракиски села. Во селото останува незначителен дел христијанско население, што резултира со исчезнување на селото и повеќе од сто години не се споменува никаде. По раселувањето името Добриништа првпат се споменува кон крајот на XV век во времето на султанот Бајазит II (1481-1512 г.) во турски документ како село, кое е од Неврокопската нахија. Но дури во текот на XVII и почетокот на XIX век во селото постепено почнува да се враќа население од планинските населби со тоа што почнало и економски да расте и да развива успешна трговија со Србија, Австрија, Франција, Шпанија и други земји. Во XIX век е изградена и црквата „Свети Петар и Павле“.

Во минатото во Добриништа живеело и помачко население. Во XIX век е мешано христијанско и муслиманско село во Неврокопската каза на Османлиското Царство.

 
Градскиот парк во Добриништа

Во 1889 година Стефан Верковиќ во неговата книга „Топографско-етнографски опис Македонија““ го споменува Добриништа како село со 250 христијански и 12 муслимански куќи.[2]

Во 1896 година во Добриништа се создава револуционерен комитет на ВМОРО под раководство на Гоце Делчев.

Според статистиката на Васил К’нчов кон краjот на ХІХ век, Добриништа има 1.825 жители од кои 1.540 Македонци христијани, 240 Македонци муслимани и 45 Роми.[3][4]

Во 2006 година со решение на Министерскиот совер Добриништа е прогласено за град.

Стопанство

уреди

Демографија

уреди

Според пописот од 2011 година, во Добриништа живееле 2.836 жители.[5]

На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:[6]

Националност Број %
Бугари 2.510 88,5
Роми 31 1,09
Турци / 0
други / 0
не се самоопределиле / 0
не одговориле 288 10,1
Вкупно 2.836 100

На табелата е прикажан бројот на населението во Добриништа за периодот 1934-2011:[5]

година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
население 1.899 2.223 2.440 2.569 3.089 3.182 3.221 3.016 2.836

Во градот и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[4]

Според Националниот статистички институт на Бугарија, по проценките од 31 декември 2015 година, во Добриништа имало 2.661 жител.

 
Минералните бањи во Добриништа

Туризам

уреди

Во близина на Добриништа се наоѓа пливачки комплекс со голем базен со топла минерална вода и два други помали базени за деца и спортување.

Самоуправа и политика

уреди

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Базенот со минерална вода

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. Дуриданов, Иван. „Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори“. – Во: Лингвистични студии за Македония, София, МНИ, 1996, стр. 186.
  2. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб., 1889, стр. 236 – 237
  3. Кънчов, Васил (1996) [1900]. „Разлогъ“. Македония. Етнография и статистика (бугарски) (II. изд.). София: Проф. М. Дринов. стр. 192.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. 5,0 5,1 „Справка за населението на гр. Добринище, общ. Банско, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
  6. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.

Надворешни врски

уреди