Дипло

американски диџеј и музички продуцент

Томас Весли Пенц (анг: Thomas Wesley Pentz; роден на 10 ноември 1978 г.),[2] професионално познат како Дипло (анг: Diplo), ― американски диск-џокеј, текстописец и музички продуцент. Тој е ко-основач и член на електронската група Major Lazer, член на супергрупата LSD со Сија и Лабринт, член на електронското дуо Jack Ü и член на Silk City со Марк Ронсон. Тој ја основал и раководи со издавачката куќа Mad Decent, и исто така е ко-основач на непрофитната организација Heaps Decent. Неговото ЕP од 2013 година, Revolution, дебитирало на 68-то место на американскиот Билборд 200.

Дипло
Дипло во 2014
Роден(а)Томас Весли Пенц
10 ноември 1978(1978-11-10)(46 г.)
Тупело, САД
Други имиња
  • Диплодокус[1]
  • Томас Весли
Алма матерУниверзитет „Темпел“
Занимање
  • Диџеј
  • текстописец
  • музички продуцент
Активен период1997–денес
Деца3
Страница
diplo.com

Дипло соработувал и бил во врска со британската раперка M.I.A., која е заслужна за неговиот пробив на почетокот од кариерата. Подоцна, тој и неговиот колега Свич создале јамајски денс проект и анимирана серија насловена како Major Lazer.[3] Потоа, Дипло работел на проекти за продукција и миксирање со многу други поп уметници, како: Гвен Стефани, Die Antwoord, Бритни Спирс, Мадона, Шакира, Бијонсе, Ели Гулдинг, No Doubt, Џастин Бибер, Ашер, Снуп Дог, Крис Браун и други.[4][5][6][7][8][9] Неговото уметничко име е кратенка од Диплодокус и потекнува од неговата импресионираност од диносауруси.[10]

Живот и кариера

уреди

Дипло е роден на 10 ноември 1978 година во Тупело, Мисисипи. Тој има германско и англиско потекло.[11][12][13] Дипло завршил средно училиште во Хендерсонвил, Тенеси.

Иако е роден во Мисисипи, поголемиот дел од својата младост го поминал во Мајами, каде се запознал со карактеристичниот Мајами-бас.[14][15][16] Во 1997 година се запишал на Универзитетот во Централна Флорида. Додека студирал таму, станал диџеј на локалната радио станица WPRK. Подоцна се преселил во Филаделфија и ги продолжил студиите на Универзитетот Темпл, каде што за прв пат се истакнал како диџеј. На 20-годишна возраст, Дипло заминал за Индија. Тој купил половен мотоцикл Енфилд и патувал низ индиските региони: Ладак, Утараханд, Западен Бенгал и Гуџарат. Додека бил во Индија, тој собирал плочи и посетувал места за да ги слуша луѓето кои свират на ситар и табла.

Откако се вратил во САД се запознал со диџејот Low Budget. Во 2003 година, двајцата почнале да прават забави насловени како „Hooked on Hollertronix“.

Во 2004 година, Томас Весли Пенц, под псевдонимот Дипло го издал својот прв солистички албум „Florida“.[17] Албумот бил снимен двапати, прво на ЦД, а потоа на ДВД.[18]

Во 2004 година додека бил диџеј во Fabric Club во Лондон му пришла M.I.A.[19] Дипло продолжил да работи со M.I.A. и преку неа го запознал лондонскиот диџеј Свич. Заедно, тие ја создале песната „Paper Planes“ номинирана за Греми, која стигнала до 4-то место на Billboard Hot 100.[20] Во 2015 година, во интервју за Ролинг Стоун, M.I.A. рекла дека на Дипло во 2005 не му се допаѓало што таа станала славна, дека се обидел да ја спречи и се натпреварувал со неа за тоа кој ќе биде поуспешен.[21]

Тој е основач и сопственик на познатата етикета Mad Decent.

Во 2009 година, Дипло, заедно со диџејот и продуцент Switch, го започнале проектот Major Lazer. Но, во 2011 година тие се разделија. Switch го напуштил проектот. Групата Major Lazer ја сочинуваат Diplo, Jillionaire и Walshy Fire.

Неколку години на радио-1 на Би-Би-Си водел свое неделно шоу „Дипло и пријателите“.

Во 2013 година, бил номиниран за Греми во категоријата „некласичен продуцент на годината“.

Во 2015 година, Дипло беше најпопуларниот музичар на апликацијата за препознавање музика Шазам. Корисниците на апликацијата ги пребарале неговите песни околу 40 милиони пати во една година.

 
Дипло настапува во Soundlab во Бафало, Њујорк, мај 2009 година

Личен живот

уреди

Дипло има три сина: Локет и Лазер, со Кетрин Локхарт; и Пејс, со Џевон Кинг.

Бил во врска со M.I.A од 2003 година[19] до 2008 година. M.I.A. подоцна рекла дека во нивната бурна врска имало и емоционална злоупотреба од негова страна.[22][23] Дипло, речиси една година бил во врска со пејачката Кети Пери, во 2014 и 2015 година.

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • Florida (2004)
  • Chapter 1: Snake Oil (as Thomas Wesley) (2020)
  • MMXX (2020)
  • Diplo (2022)

Наводи

уреди
  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име bostonphoenix1.
  2. Cordor, Cyril. „Diplo Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот на December 20, 2013. Посетено на February 22, 2009.
  3. Gordon, Jeremy (August 22, 2014). „Major Lazer Cartoon Coming to Fox, Featuring Music From Cat Power and RiFF RAFF“. Pitchfork.com. Архивирано од изворникот на April 18, 2015. Посетено на April 8, 2015.
  4. „Diplo: Interview – Time Out London“. Архивирано од изворникот на March 14, 2012. Посетено на April 5, 2020.
  5. Diplo: The Stylus Interview – Article Архивирано на {{{2}}}.. Stylus Magazine. Retrieved on October 23, 2010.
  6. Interviews: Diplo Архивирано на {{{2}}}.. Pitchfork (April 3, 2005). Retrieved on October 23, 2010.
  7. Breihan, Tom (July 11, 2006). „The Friends of Diplo: A Report Card“. The Village Voice. Архивирано од изворникот на July 21, 2009. Посетено на August 5, 2010.
  8. Dan DeLuca, "Musical Diplo-mat", The Philadelphia Inquirer, January 19, 2006, Pg C01
  9. „Diplo joins Joji on hazy new summer anthem 'Daylight'. NME (англиски). August 7, 2020. Посетено на March 15, 2021.
  10. „Diplo Bio, Music, News & Shows“. DJZ.com. Архивирано од изворникот на March 29, 2013. Посетено на March 17, 2013.
  11. „Diplo's parents are proud he's expressing himself“. News-JournalOnline.com. Архивирано од изворникот на August 8, 2015. Посетено на August 24, 2015.
  12. „BARBARA COX Obituary – Daytona Beach, FL – Daytona Beach News-Journal“. Daytona Beach News-Journal. Архивирано од изворникот на July 15, 2015. Посетено на August 24, 2015.
  13. „Gary-L-Krebs-Virginia-Beach - User Trees - Genealogy.com“. genealogy.com. Архивирано од изворникот на September 24, 2015. Посетено на August 24, 2015.
  14. „Diplo Talks Miami, Bass, Strip Clubs & More w/ Nardwuar“. HotNewHipHop. January 8, 2014. Архивирано од изворникот на October 30, 2014. Посетено на November 8, 2014.
  15. „Diplo“. Red Bull Music Academy Radio. Архивирано од изворникот на July 15, 2015. Посетено на November 8, 2014.
  16. „iTunes – Music – Diplo“. Itunes.apple.com. Архивирано од изворникот на September 30, 2014. Посетено на November 8, 2014.
  17. Big Dada Diplo – Florida Архивирано на 10 август 2004 г.. Ninjatune.net. Retrieved on October 23, 2010.
  18. „Diplo“. Discogs (англиски). Архивирано од изворникот April 20, 2017. Посетено на April 19, 2017.
  19. 19,0 19,1 Pytlik, Mark (March 14, 2005). „Interview: M.I.A.“. Архивирано од изворникот на March 17, 2005. Посетено на March 16, 2021.
  20. Diplo Talks Sample of the Millennium, the Return of Fun and Other Musical Secrets | Underwire Архивирано на 27 февруари 2014 г.. Wired.com. Retrieved on October 23, 2010.
  21. Празен навод (help)
  22. „Diplo on Dating M.I.A.: It's Hard Dating in the Industry“. YouTube. November 20, 2012. Архивирано од изворникот на 2023-05-03. Посетено на April 17, 2013.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  23. „M.I.A. Tears Into Diplo In Fiery Insta Post, Accuses Him Of Building His Career Off Her“. Pedestrian TV. August 27, 2017. Посетено на February 10, 2020.

Надворешни врски

уреди