Универзитет „Темпел“
Универзитетот „Темпел“ (познат и како „Темпел“ или ТУ) е јавен истражувачки универзитет во Филаделфија, Пенсилванија, САД. Основан е во 1884 година од баптистичкиот свештеник Расел Конвел. На 12. мај 1882 година е преименуван како колеџ „Темпел“ во Филаделфија. Во 1907 година, институцијата го менува својот статус и официјално постанува универзитет[1].
Во 2019 година, „Темпел“ има повеќе од 40,000 додипломски, постдипломски и стручни студенти[2]. Овој универзитет е еден од најголемите центри во светот за стручно образование (право, медицина, подиатрија, фармација, стоматологија и архитектура), а на него се обучува наголем дел од стручните работници во Пенсилванија.
Наводи
уреди- ↑ „Carnegie Classifications | Institution Lookup“. carnegieclassifications.iu.edu. Посетено на 2020-04-03.[мртва врска]
- ↑ „TEMPLE UNIVERSITY AT A GLANCE 2019–2020“ (PDF). Мрежно место на универзитетот „Темпел“. Посетено на 3 April 2020.