Димче Најчески
Димче Најчески (роден на 1925 година во Прилеп - починал на 11 октомври 2018 година во Скопје) — македонски универзитетски професор и виш научен соработник во Институтот за македонска литература во Скопје.[1]
Димче Најчески | ||
Роден | 1925 Прилеп, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 11 октомври 2018 Скопје, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | сликар педагог |
Животопис
уредиДимче Најчески бил учесник во НОАВМ и член на КПМ во 1944 година. По Ослободувањето бил претседател на студентската младина на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и секретар на Универзитетскиот комитет на КПМ. Поради определувањето за Резолуцијата на Информбирото во 1948 година бил осуден на три години и казната ја издржал на Голи Оток (на Јадранското Море). Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на Групата мајчин јазик и литература со специјалност за историјата на книжевностите на СФРЈ во 1952 година. На истиот факултет и докторирал на темата „Илинденските народни песни“ (1976). Првин работел како библиотекар во НУБ (1952–1954), потоа како професор во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ (1954–1961) и во Педагошката академија (1961–1983), а работниот век го завршил како виш научен соработник во Одделението за македонска народна литература во Институтот за македонска литература во Скопје (1983–1987). Негов основен научен интерес се јуначките, ајдутските и комитско-револуционерните македонски народни песни. По пензионирањето подготвил и три значајни зборници сведоштва, документи и материјали за македонските осуденици на Голи Оток по Резолуцијата на Информбирото.
Починал на 11 октомври 2018 година во Скопје.
Библиографија
уреди- Илинденските народни песни, Скопје, 1978;
- Студии за јуначкиот епос од македонското фолклорно подрачје, Куманово, 1993;
- Студии за ајдутските народни песни од македонското фолклорно подрачје, Куманово, 1994;
- Голооточки сведоштва, книга прва–трета, Скопје, 2002–2006.
Литература
уреди- Институт за македонска литература. Дваесет години од основањето (1981–2001), Скопје, 2002, 138–139. С. Мл.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Најчески“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1007–1008. Text "series " ignored (help)