Демон
(Пренасочено од Демон (словенска митологија))
Во религијата, фолклорот и митологијата, демонот (од грч. δαίμων) е натприродно суштество општо опишано како лош дух. Во христијанството со терминот „демони“ се опишуваат „паднатите ангели“ кои порано биле дел од Господ. Демонот често се опишува како сила која може да се привикува и понекогаш да се контролира. „Добрите“ демони често се користат во литературата, а ги има кај Хесиод и Шекспир.[1] Во секојдневниот говор, „демонизирање“ на некој човек значи да се прикаже тој човек како зло или извор на злото.
Демонот како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Демон“ - поема на рускиот поет Михаил Лермонтов.[2]
- „Демони“ (руски: Бесы) - роман на рускиот писател Достоевски.[3]
- „Демонот и госпоѓицата Прим“ - роман на бразлискиот писател Пауло Коелјо од 2000 година.[4]
- „Демон“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.[5]
- „Далечни братучеди на демоните“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[6]
- „Демон наречен Измама“ (англиски: Demon called Deception) — песна на американската рок-група Grant Lee Buffalo од 1994 година.[7]
- „Автобус за Белзебуб“ (англиски: Bus To Beelzebub) — песна на американската рок-група Soul Coughing од 1994 година.[8]
- „Неонскиот демон“ (англиски: The Neon demon) - филм на режисерот Николас Виндинг Рефн од 2016 година.[9]
Наводи
уреди- ↑ ; Антониј и Клеопатра чин II, сцена 3
- ↑ Dušanka Perović, „O Ljermontovu“, во: M. Ljermontov, Junak našeg doba. Beograd: Rad, 1962, стр. 160.
- ↑ „Бесови од Фјодор Достоевски“. Архивирано од изворникот на 2007-10-21. Посетено на 2016-12-30.
- ↑ „„Демонот и госпоѓицата Прим" (критички осврт)“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2016-12-30.
- ↑ A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 81.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 250.
- ↑ AllMusic, Mighty Joe Moon (пристапено на 11.11.2022)[мртва врска]
- ↑ Soul Coughing – Ruby Vroom (пристапено на 11.3.2024)
- ↑ Ѓорѓи Јаневски, „Неонскиот демон“, Економија и бизнис, година 18, број 222/223, декември 2016/јанауари 2017, стр. 94-95.