Деменција
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Деменција (збор кој е преземен од латинскиот јазик што всушност значи "лудило", е составен од de - "без" + ment, коренот на mens "ум, разум") е сериозна загуба на способноста за осознавање на една претходно здрава личност, покрај она што може да се очекува од нормалното стареење. Деменцијата може да биде статична, да се појави како резултат на несекојдневна, целосна повреда на мозокот или прогресивна, која резултира од долготрајно влошување на здравствената состојба предизвикана од болест или повреда на телото. Иако деменцијата е многу популарна помеѓу геријатриските личности (личностите во длабока старост), може да се појави и пред 65тата година, и во тој случај се нарекува "почетна фаза на деменција".
Деменцијата не е единечна болест туку претставува неспецифичен синдром (т.е. збир на знаци и симптоми) во кој оштетените делови од осознавањето може да бидат меморијата, вниманието, јазикот и решавањето на проблеми. Најчесто, болеста треба да постои во телото најмалку 6 месеци за да може да се дијагностицира; проблемите со осознавањето кои многу ретко се забележуваат, најчесто се појавуваат на помалку од недела дена и се нарекуваат делириум. Кај сите видови на проблеми со осознавањето, најчесто, најпрви се погодени најбитните мозочни функции.
Особено во подоцнежната етапа од болеста, лицата кои боледуваат од деменција може да бидат дезориентирани во времето (да не знаат кој ден од неделата, ден од месецот или дури која година е), во местото (да не знаат каде се наоѓаат) и во личноста (да не знаат ништо за себе или луѓето околу нив). Иако понекогаш може да се излечи до одреден степен, причинителите на деменција се прогресивни и неизлечливи.
Симптомите на деменција може да бидат класифицирани како повратни или неповратни, во зависност од етиологијата на болеста. Помалку од 10% од случаите на деменција се предизвикани од причинители кои може да се излечат со терапија, но само на краток период. Последиците се манифестираат на најразлични начини и тоа: тешко дишење, жолтица или разни видови болки по целото тело.
Без внимателна проценка на историјата на болеста, краткотрајниот синдром на делириум (кој најчесто трае неколку дена или недели) многу лесно може да се помеша со деменција, бидејќи имаат многу заеднички симптоми, со исклучок на времетраењето. Некои мозочни болести, вклучувајќи ја и депресијата и психозата, предизвикуваат симптоми кои мора да бидат различни и од делириумот и од деменцијата.
Постојат многу видови (причини) на деменција, кои се манифестираат преку најразлични симптоми. Сепак, симптомите се толку слични што не е можно да се определи видот на деменција само преку симптоматологијата и само во мал број случаи симптомите се доволни за да се процени за кој одреден вид станува збор. За да се даде поточна дијагноза, се користат техники за скенирање на мозокот. За да се биде потполно сигурно за каква болест се работи, мора да се направи биопсија на мозокот дури пациентот е жив или аутопсија, по неговата смрт. Едни од најчестите видови на деменција се: Алцхајмерова болест, васкуларна деменција, деменција на предниот дел од слепоочницата, семантичка деменција и деменција со Луи тела. Се случува и еден пациент да покажува знаци на два или повеќе видови на деменција во исто време, бидејќи ниту еден од познатите видови на деменција не отскокнува од другите.
Историја
уредиКон крајот на XIX век, деменцијата претставувала многу поголем клинички поим, во кој влегува менталната болест и секаков вид на психосоцијална неспособност. Тогаш, под поимот деменција се подразбирало секоја личност која ја изгубила способноста да размислува, психоза од некоја ментална болест, "органски" болести како сифилис која може да го растрое мозокот и деменција поврзана со луѓето во длабока старост, предизвикана од артиосклероза.
Деменцијата која се појавува кај постарите луѓе се нарекува старечка сенилност или сенилност и се смета за нормален и неизбежен дел од стареењето, а не како болест предизвикана од некоја бактерија. Во исто време, во 1907 година, откриен е одреден органски процес на деменција во почетна фаза, наречен Алцхајмерова болест. Тоа било поврзано со одредени микроскопски промени во мозокот, но се сметала за ретка болест кај средовековните луѓе.
Како и многу други болести кои се поврзани со старењето, така и деменцијата била ретка болест пред дваесеттиот век (иако во никој случај не била непозната), бидејќи луѓето ретко живееле доволно долго за да ја доживеат.
Во периодот помеѓу 1913 – 1920 година, шизофренијата била дефинирана на ист начин како и денес, а терминот предвремена деменција (предвремено лудило) се користел за да се укаже на развојот на сенилната деменција кај помладата популација. Очигледно, двата термина се соединиле, за да до крајот на 1952 година лекарите почнале да го користат терминот "предвремена деменција" или шизофренија. Терминот “предвремена деменција” укажува на вид ментална болест како шизофренијата (вклучувајќи ја и паранојата и намалената можност за осознавање) која се очекува да се појави кај личности во подоцнежна фаза од животот. Тогаш, терминот деменција се користел за да се опишат шизофренијата и сенилната деменција, но околу 1920 година, терминот деменција добила поограничена дефиниција – опишува вид на трајно мозочно оштетување кое не може да се излечи. Тоа всушност претставува и почетокот на користење на овој вид дефиниција, онаа која нам ни е позната денес.
Во 1976 година, неврологот Роберт Кацман предложил врска помеѓу "сенилната деменција" и Алцхајмеровата болест. Кацман укажал на тоа дека сенилната деменцијата, која по дефиниција најчесто се појавува по 65тата година, патолошки е идентична со Алцхајмеровата болест која се појавува пред 65тата година и затоа не треба да се лекува на поинаков начин. Тој забележал дека "старечката деменција" не се сметала за болест, туку се сметала за дел од процесот на стареење. Тој исто така истакнал и дека Алцхајмеровата болест, која се појавува по 65тата година, е многу честа појава и претставува 4та или 5та водечка причина која доведува до смрт (иако, од 1976 година тоа ретко се наведува во посмртницата).
Ова доведе до размислувањето дека деменцијата не е "нормална" болест и мора да претставува резултат на некоја одредена болест и не е дел од процесот на стареење. Следната дебата води до периодот на "старечка деменција од видот на Алцхајмерова болест" кај луѓе над 65 годишна возраст, со "Алцхајмерова болест" дијагностицирана кај луѓе помлади од 65 години со иста патологија. На крај, сепак дошло до заклучок дека старосната граница е подместена и дека терминот Алцхајмерова болест е соодветен за луѓе со одредена мозочна патологија која постои во болеста, без оглед на годините на пациентот. Сепак, се заклучило дека иако стапката на појавување на Алцхајмерова болест се зголемува со годините (од 5-10% кај 75 годишни, до 40-50% кај 90 годишни), но не постои граница на години во кои болеста почнува да се развива, па не претставува неизбежна последица од страеењето, без разлика до колку години ќе живее еден човек.
Исто така, по 1952 година, мозочните болести како шизофренија била избришана од списокот на "органски мозочен синдром" и според тоа (по дефиниција) отстранета и од можните причинители на деменција. Во исто време, традиционалната причина за стречката деменција – артиосклерозата, претставувала збир од деменции предизвикани од васкуларни болести (мали удари). Овие биле наречени мулти-инфарктни деменции или васкуларни деменции.
Во XXI век, голем број на нови видови деменција почнале да се диференцираат од Алцхајмеровата болест и васкуларните деменции (овие две претставувале најчестите видови). Таа диференцијација била направена врз основа на патолошки истражувања на мозочните ткива, симптоматологијата и различни начини на мозочната метаболичка активност во SPECT (компјутеризирана томографија со емисија на слободен фотон) и PET (томографија со емисија на позитрон) скенирања на мозокот. Различните форми на деменција имаат различни прогнози (причинители на болеста) како и различни видови на епидемиолошки фактори на ризик. Причинителската етиологија на многу од нив, вклучувајќи ја и Алцхајмеровата болест, останува непозната, иако постојат многу теории како што е растењето на белковинските плочки како дел од нормалниот процес на стреење, воспаление, зголемено ниво на шеќер во крвта и повреди на мозокот.
Знаци и симптоми
уредиПридружни состојби
уредиДеменцијата не претставува проблем поврзана само со меморијата. Исто така, ја намалува способноста за учење, размислување, задржување на сеќавање или потсетување на некое искуство од минатото како и промена на начинот на размислување, чувствување и работење. Други ментални и проблеми со однесувањето многу често се одразуваат врз луѓето кои патат од деменција и може да влијаат врз квалитетот на животот, негувателите и институционализацијата. Како што се влошува состојбата на деменција, така некои поединци може да се запостават себеси и да се повлечат во себе и да не можат да се контролираат при вршењето на физиолошките потреби.
Депресијата влијае кај 20-30% од луѓето заболени со деменција и околу 20% имаат нервна растроеност. Психозата (многу често и халуцинации и манија) и вознемиреноста/агресијата често се составен дел од психозата. Секој од овие делови мора да биде проценет и да се лекува независно од деменцијата.
Ризик за себе и другите
уредиКанадско научно списание објави дека е штетно луѓето заболени од деменција да бидат учесници во сообраќајот. Тие би можеле да предизвикаат сообраќајна несреќа во која би се повредиле самите себеси или луѓето околу нив, но исто така може дури и да дојде до смртен случај. Докторите треба да препорачуваат пациентите да одат на тестирање за да утврдат дали се способни да возат.
Во САД, има посебен закон кој дозволува примена на сила и судската власт ги тера оние кои смета дека можеби се заболени од деменција или некоја друга ментална болест да направат ментална проценка.
Во Велика Британија, како и кај сите други ментални растројства каде пациентот може да биде опасен за себе но и за другите, може да бидат притворени според Законот за ментално здравје донесен во 1983 година, сè со цел да се процени болеста, да се згрижи и лекува пациентот. Тоа претставува краен случај, но доколку пациентот има семејство или пријатели кои би можеле да се грижат за него, се избегнува неговата примена.
Во Велика Британија, Бирото за издавање на возачки дозволи, изјавува дека заболените од деменција кои слабо памтат, се дезориентирани или прават лоши проценки, со сигурност не се вклопуваат меѓу останатите возачи и поради тоа, Бирото мора да биде известено за ваквите случаи за да може да им ја одземе возачката. Сепак, тоа им дозволува на оние кои се во раната фаза на болеста да возат, но редовно да одат на контрола.
Тие може да се однесуваат нервозно или несоодветно и да бидат неорганизирани. Некои може да станат нервозни или да шетаат наоколу преку денот, но понекогаш и преку ноќта. Кога луѓето заболени од деменција се ставаат во ситуација која е надвор од нивните можности, може наеднаш да почнат да плачат или да станат гневни (ова е наречена "катастрофална реакција").
Причинители
уредиПостојано когнитивно нарушување
уредиНајразлични видови на мозочни повреди, може да предизвикаат постојано когнитивно нарушување. Повредите на мозокот може да предизвикаат генерализирано оштетување на белата маса на мозокот - аксонална повреда (повреда на нервните влакна) или помали повреди. Привремен недостиг на крв или кислород во мозокот може да доведе до хипоксично-исхемична повреда. Ударите (исхемички или интрацеребрални удари, субарахноидално, субдурално или епидурално крварење) или инфекции (менингитис и/или енцефалит (запаление на мозокот)) кои го напаѓаат мозокот, долготрајните епилептични напади и акутен хидроцефалус можат исто така да остават долготрајни последици врз осознавањето. Претерано конзумирање на алкохол може да предизвика алкохолна деменција, Верникеова енцефалопатија и/или Корсакова психоза, и некои други рекреативни дроги може да предизвикаат трајна деменција; кога еднаш ќе се прекине со конзумирање, когнитивното нарушување преминува во постојано но не напредува.
Деменција која бавно се развива
уредиДеменцијата која постепено почнува да се развива и потоа со текот на годините се влошува, најчесто се појавува како резултат на невродегенеративна болест; тоа всушност е болест која ги напаѓа само или воглавно невроните на мозокот и предизвикува мозочните клетки да забават со работа. Поретко се случува, некоја недегенеративна состојба да има второстепено влијание врз мозочните клетки, која може но и не мора да се повторува ако се земаат соодветни лекови.
Причините за појава на деменција зависат од тоа на која година започнуваат симптомите. Кај постарата популација (најчесто кај луѓето над 65 години), поголем дел од случаите на деменција се предизвикани од Алцхајмеровата болест, васкуларната деменција или пак и од двете. Деменцијата со Луи тела е исто така многу чест причинител, кој може да се појави заедно или пак со една од горенаведените болести. Хипотироидизмот понекогаш предизвикува когнитивно нарушување кое полека напредува и тоа претставува главен сидром и истиот може да се излечи доколку соодветно се лекува. Нормалниот хидроцефален притисок, иако е релативно ретка појава, многу е важно навремено да се открие бидејќи со соодветно лекување може да се спречи неговиот развој и да ја подобри состојбата на другите симптоми. Сепак, необично е да се појави когнитивно нарушување.
Деменцијата многу ретко се појавува пред 65тата година. Најчеста причина за нејзина појава е Алцхајмеровата болест, но некои наследени форми од болеста доведуваат истата да се појави пред 65тата година. Деменцијата на предниот дел од слепоочницата и Хантингтоновата болест се одговорни за појавата на деменција во најголем дел од случаите. Исто така се појавува и васкуларната деменција, но може да настане како последица на последователни болести (како антифосфолипиден синдром, церабрална автосомна доминантна артериопатија со субкортикални инфаркти и леукоенцефалопатија – ЦАДАСИЛ, митохондриска енцефаломиопатија, млечна ацидоза, епизоди на мозочни удари - МЕЛАС, хомоцистинурија, мојамоја и Бинсвагнеровата болест). Кај луѓето кои често патат од главоболки, како боксерите и рагбистите, постои голем ризик да заболат од хронична трауматична енцефалопатија (исто така се нарекува и боксерска деменција кај боксерите).
Кај средновечните луѓе (до 40 години) кои имале нормално ниво на интелигенција, многу ретко може да се појави деменција. Најголем дел од когнитивното нарушување во оваа годишна граница, се појавува како резултат на психичка растроеност, козумирање на алкохол или некој вид на дрога или пак од метаболичка растроеност. Овде спаѓаат семејната Алцхајмерова болест, спиноцеребрална атаксија тип 17 (доминантно наследство); адренолеукодистрофија, Гушеровата болест тип 3, метахроматска леукодистрофија, Ниман-Пиковата болест тип Ц, пантотенат киназа - поврзана невродегенерација, Теј-Сакс болеста и Вилсоновата болест (сите рецесивни).
Значаен процент од пациентите, кои се жалат дека имаат проблеми со меморијата или други когнитивни симптоми, страдаат од депресија а не од невродегенеративна болест. Често се појавуваат недостаток на витамини и хронични инфекции; тие најчесто предизвикуваат други симптоми пред да се појави деменцијата, најчесто имитативна дегенеративна деменција. Овде спаѓаат и недостаток на витамин Б12, фолна киселина или ниацин и инфективни причинители како криптококен менингитис, ХИВ, борелиоза, прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија, субакутен склерозирачки паненцефалитис, сифилис и Випловата болест.
Деменција која брзо се развива
уредиКројцфелд-Јакобовата болест најчесто предизвикува деменција чија состојба се влошува во период од неколку недели до неколку месеци, а истата се појавува како последица на приони (вирусни инфекции). Најчестите причини за појава на деменција која бавно се развива можат да се манифестираат многу брзо: Алцхајмеровата болест, деменцијата со Луи тела, фронтотемпорална лобарна дегенерација (како и дегенерација на кората на големиот мозок и прогресивна наднуклеарна парализа).
Од друга страна, енцефалопатијата или делириумот може да се развијат релативно бавно и да наликуваат на деменцијата. Причинители можат да бидат мозочните инфекции (вирусен енцефалитис, субакутен склерозирачки паненцефалитис, Випловата болест) или воспаленија (лимбички енцефалитис, енцефалопатија Хашимото, церебрален васкулитис); тумори како лимфома или глиома, токсичност (пр. антиконвулзивни лекови); или метаболични причинители како откажување на црн дроб или откажување на бубрег и хроничен субдурален хематом.
Деменцијата како дел од други болести
уредиПостојат многу други медицински и невролошки болести во кои деменцијата се појавува само во подоцнежната фаза од болеста или како еден мал дел од неа. На пример, кај дел од пациенти со Паркинсонова болест, како придружна болест се појавува и деменцијата. Главната причина за појава на деменцијата заедно со Паркинсоновата болест може да претставува деменцијата со Луи тела или Алцхајмеровата болест, или пак и двете заедно. Когнитивни нарушувања се појавуваат и во Паркинсоновите-плус синдроми на прогресивна наднуклеарна парализа и дегенерација на кората на големиот мозок (и истата главна патологија може да предизвика клинички синдроми на фронтотемпорална лобарна дегенерација). Хроничните воспаленија на мозокот може да го нападнат центарот за осознавање на подолг временски период, а тоа се мултипла склероза, саркоидоза, Сјогрен синдром и системски еритематозен лупус. Иако акутната порфирија може да предизвика епизоди на збунетост и психичка растроеност, деменцијата е ретка придружна појава кај овие ретки болести.
Покрај она што е споменато погоре, наследните болести кои може да предизвикаат појава на деменција се:
- Александрова болест
- Канаванова болест
- деликатно тресење поврзано со х-хромозом/атакција
- глутарична ацидуриа тип 1
- Крабова болест
- болест на урината предизвикана од јаворов слад
- Ниман-Пиковата болест тип Ц
- невроакантоцитоза
- органска ацидурија
- нарушување на уреа циклусот
- Санфилипо синдром тип Б
- спиноцеребрална атаксија тип 2
Дијагнози
уредиСпецијалист, на пр. геријатриски интернист, психијатар, невролог, невропсихолог или геропсихолог треба да даде повеќе различни дијагнози за видовите на деменција. Од појавата на првите видливи симптоми, мора да поминат барем шест месеци за да може да се даде дијагноза за деменција или органски мозочен синдром (ICD-10).
Когнитивно тестирање
уредиПостојат кратки тестови (5-15 минути) кои може да се земат за веродостојни и може да се изведат во затворен простор или друга средина за да се тестира когнитивниот статус. Примери за вакви тестови се скратениот мозочен тест, мини-тест за менталната состојба, изменетото истражување на мини-менталната состојба и тестот со цртежот со часовник. Резултатите мора да се протолкуваат на начин кој ќе биде разбирлив за личноста; на пример, личност западната во длабока депресија или која трпи неподносливи болки не се очекува да помине добро на многу од тестовите за ментална способност.
И додека многу тестови се проучувани и некои може да се покажат како подобри алтернативи од мини-тестот за ментална состојба, сепак, во моментов, најмногу пациенти подлегнуваат токму на овој вид тест.
Друг пристап кон тестирањето за деменција е да се замоли пациентот да пополни прашалник за неговото секојдневно когнитивно функционирање. Со ваквиот прашалник се обезбедуваат дополнителни информации кои доаѓаат во прилог на краткиот когнитивен тест. Најпознатиот прашалник од ваков вид е прашалникот за опаѓање на когнитивното осознавање кај повозрасните. Од друга страна пак, општата лекарска проценка за когнитивност ги комбинира двата вида – проценка на пациентот и интервјуирање на пациентот. Прашалникот е специјално создаден за испитување на пациентите во почетна фаза на болеста, а истиот е достапен и на интернет.
Понатаму, пациентите продолжуваат со тестови за мозочните функции кои се прават на претходно одредена дата.
Лабораториски тестови
уредиВообичаените испитувања на крвта многу често се прават за да се елиминираат причинителите на разни болести кои можат да се излечат. Ваквите тестови се состојат од витамин Б12, лимонска киселина, стимулирачки хормон на штитната жлезда, C-реактивна белковина, целосна крвна слика, електролити, калциум, бубрежна функција и ензими на црниот дроб. Може да се појават и анормалности како резултат на недостаток на витамини, инфекции и други проблеми кои најчесто предизвикуваат збунетост или дезориентација кај повозрасните. Проблемот станува уште покомплициран со фактот дека овие причини многу често доведуваат до збунетост кај луѓето кои страдаат од деменција во почетна фаза, а "пресврт" на ваквите пробреми може да биде само привремен.
Исто така може да се направат и тестирања за алкохол или други течности и познати лекови што ја поттикнуваат појавата на деменција.
Скенирања
уредиВидовите на скенирања кои најчето се изведуваат се компјутерската томографија или томографија со магнетна резонанца. Сепак овие методи немаат оптимална прецизност за големите метаболички промени поврзани со деменцијата кај пациент кој не покажува големи невролошки проблеми (како парализа или изнемоштеност) на невролошко тестирање. Компјутерската томографија или томографијата со магнетна резонанца може да укажат на нормален хидроцефален притисок, потенцијално реверзибилна причина за појава на деменција и може да дадат информации од голема важност за другите видови деменција, како не пример инфарктот, како вид на васкуларна деменција.
Методите на оперативно скенирање со SPECT и PET се покорисни при проценувањето на когнитивната нарушена функција, бидејќи тие даваат слични можности за дијагностицирање на деменција како клиничкото испитување. Можноста преку SPECT да се направи разлика помеѓу Алцхајмеровата болест и васкуларната причина за појава на деменција е подобра за разлика од клиничкото испитување.
Едно поново истражување ја потврди важноста на PET скенирањето (кое користи јаглен-11 Питсбург соединение Б, како радиоактивен изотоп) во предвидливите дијагнози на различни видови деменција, особено во Алцхајмеровата болест. Истражувачи во Австралија откриле дека ваквиот вид на скенирање е точен во 86% од случаите во кои се утврдува кај кои пациенти со благо когнитивно нарушување ќе се развие Алцхајмерова болест во рок од две години. Други истражувања пак, кои биле извршени врз 66 пациенти на Универзитетот во Мичиген, дошле до уште поточни дијагнози кај повеќе од една четвртина кај пациентите со благо когнитивно нарушување или почетна деменција.
Превенција
уредиЕдно истражување спроведено на Универзитетот во Бари, Италија покажа дека група на луѓе која конзумира алкохолни пијалаци има мало влијание врз појавата на деменција. Во група од 1.566 возрасни Италијанци, 1445 немале никакво когнитивно нарушување, а 121 доживеале благо когнитивно нарушување и со истражувањето се утврди дека во рок од 3.5 години, кај луѓето со благо когнитивно нарушување кои конзумираат помалку од еден алкохолен пијалак дневно, се развива деменција до степен што е 85% побавно од оние кои воопшто не конзумираат алкохол. Сепак, научниците кои го спроведоа истражувањето изјавија дека откако појавата стана епидемиолошка, резултатите може да бидат само показател за начинот на живеење, посочувајќи дека "просечниот начин на живеење" всушност е поврзан со бавен развој на деменција. Истражувањето не успеа да покаже врска помеѓу висок крвен притисок и развојот на деменција.
Појавата на невротрофичниот фактор кој произлегува од мозокот се поврзува со некои видови на деменција.
Едно канадско истражување откри дека кај луѓето кои ги зборуваат и двата јазика во Канада се забавува процесот на појава на деменција и тоа за 4 години во споредба со луѓето кои зборуваат само еден јазик.
Лекови
уредиДенес, не постојат лекови кои се клинички одобрени и можат да ја спречат или излекуваат деменцијата. Иако некои од нив се одобрени за употреба при лекувањето на деменција, истите ги лекуваат и когнитивните и симптомите кои се одразуваат на однесувањето, но немаат никаков ефект на основната патопсихологија.
Ацетилхолинестеразни инхибитори: Такрин (Когнекс), Донепезил (Арисепт), Галантамин (Разадин) и Римастагмин (Екселон) се одобрени од Американската управа за храна и лекови за лекување на деменција поттикната од Алцхајмеровата болест. Истите може да се употребат и при лекување на други слични болести кои предизвикуваат деменција, како што се Паркинсоновата болест или васкуларната деменција. Ацетилхолинестеразните инхибитори целат кон зголемување на количеството на невротрансмитерот ацетилхолин, чие количество е многу мало кај луѓето заболени од деменција. Тоа се постигнува преку намалување на дејството на ацетилхолинестеразниот ензим, кој го разложува ацетилхолинот како дел од нормалното функционирање на мозокот. Иако овие лекови често се препишуваат, кај помал дел од пациентите овие лекови може да предизвикаат несакани дејства, како што се брадикардија или синкопа.
Блокатори на Н-метил-Д-аспартат рецепторот: Мемантинот се продава под неколку различни имиња од страна на повеќе фармацевтски компании како: Абикса, Акатинол, Аксура, Ебикса, Мемокс и Намендиа. Кај деменцијата, овој вид на рецептори се стимулираат преку глутаминат кој создава проблеми на невротрансмисијата (а воедно и на осознавањето) и истото води кон уништување на невроните преку ексцитотоксичност. Поради нивните различни начини на дејствување, мемантинот и ацетилхолинестеразните инхибитори може да се искомбинираат.
Вон употреба
уредиИнхибитори од наслаги од амил: Миноциклин и клиокинол, се антибиотици кои можат да помогнат при процесот на намалување на наслаги од амил во мозокот кај луѓето со Алцхајмеровата болест.
Антидепресивни таблети: депресијата често се поврзува со деменцијата и најчесто се влошува степенот на когнитивното и оштетувањето во однесувањето. Антидепресивните таблети се ефикасни при лечењето на когнитивните оштетувања и оние во однесувањето кај луѓето со Алцхајмеровата болест, но истото не може да се каже и за луѓето заболени од деменција.
Анксиолитични таблети: многу пациенти со деменција имаат симптоми на вознемиреност. Иако бензодиазепините како Диазепамот (Валиум) се користат при спречување на појавата на вознемиреност во други ситуации, многу често се избегнуваат бидејќи може да ја зголеми нервозата кај луѓето со деменција и многу често ги влошуваат когнитивните проблеми или се премногу смирувачки и успиваат. Буспиронот (Буспар) често се користи за лечење на поблаг степен на нервоза. Постојат малку податоци за тоа колку бензодиазепините се корисни при лечење на деменција.
Селегилин е таблета која се користи при лекување на Паркинсоновата болест и го забавува процесот на појава на деменција. Селегилинот дејствува како антидепресант, го спречува оштетувањето на слободни радикали. Сепак, дејствува и како стимул, па тешко е да се воочи дали бавниот развој на некоја фаза од деменцијата се должи на заштитата од слободни радикали или од општиот напредок на активностите на мозокот од ефектот на стимулот.
Антипсихотични таблети: и типичните антипсихотични таблети (како Халоперидол) и нетипичните антипсихотични таблети (како Рисперидон) го зголемуваат ризикот на смрт кај психозите поврзани со деменција. Ова значи дека не смеат да се конзумираат никакви антипсихотични таблети за психози поврзани со деменција и треба да се земат предвид само после објаснување на ризиците и предностите од лекувањето со овие таблети. Во Велика Британија, на околу 144.000 заболени од деменција непотребно им се препишуваат антипсихотични таблети, околу 2.000 пациенти умираат како резултат на користење на овие таблети секоја година.
Грижа и нега
уредиЦентрите за дневен престој на стари луѓе, како и амбулантите во домовите за стари лица многу често обезбедуваат грижа и нега за пациентите со деменција. Центрите за дневен престој нудат надгледување, рекреација, исхрана и ограничена нега на пациентите, како и одмор за негувателите.
Домашната нега обезбедува грижа само за еден одреден пациент, со што се овозможува да се обрне поголемо внимание на развојот на деменцијата.
Додека некои прелиминарни истражувања откриле дека терапијата со музика може да биде корисна кај луѓето заболени со деменција, квалитетот на таквите истражувања не е доволно добар и не се донесени сигурни заклучоци.
Водење грижа за луѓето со деменција
уредиПсихијатриските негуватели може многу да придонесат за менталното здравје на луѓето. Четирите главни причини според кои се создадени психијатриските установи се:
- негувањето е интерактивен, развоен процес кој е заинтересиран повеќе за понатамошниот развој отколку за потеклото на личноста.
- искуството со душевната болка поврзана со психичко растројство се искажува преку разни пореметувања или пак настани од минатото со кои се запознаени само негувателите.
- негувателите и луѓето за кои се грижат се поврзани на посебен начин преку заедничко влијание
- искуството со психичко растројство се претвора во секојдневен проблем и негувателите ги забележуваат реакциите од болката, а не од нарушувањето
Цевки за хранење
уредиПостојат малку докази дека цевките за хранење кај пациентите со напредна деменција овозможуваат зголемување на телесната тежина, повторно здобивање со сила или функционирање, спречување на склоноста кон пневмонија или подобрување на квалитетот на живеење. Ризиците поврзани со користење на такви цевки не се познати.
Епидемиологија
уредиВо многу региони, особено во сиромашните земји, скоро и не постојат резултати од епидемиолошки истражувања. Сепак, некои проценки од 2005 година предвидуваат распространетост на деменцијата низ целиот свет од 24.3 милиони, со 4.6 милиони нови случаи на деменција секоја година. Бројот на заразените луѓе ќе се дуплира секои 20 години и бројот би достигнал до 81.1 милион до 2040 година.
Надворешни врски
уредиКласификација | |
---|---|
Надворешни извори |