Национален парк Делта на Вардар

национален парк во Солунско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Делта на Вардар)

Национален парк Делта на Вардар (грчки: Εθνικό Πάρκο Δέλτα Αξιού); полно име: Национален парк Вардар-Колудеј-Бистрица (Εθνικό Πάρκο Αξιού - Λουδία - Αλιάκμονα) — национален парк во Солунско и Берско, Егејска Македонија, денес во Грција. Во Солунско ги опфаќа лагуната во с. Гаскарка, устието на реката Галик и делтите на реките Вардар и Бистрица. Во Берско, во паркот влегуваат моклиштата на селата Нов Ахтопол и Тузла. Подрачјето првпат е заштитено во 1971 г. како влажно станиште од меѓународно значење согласно Рамскарската конвенција, а потоа е ставено и во мрежата „Натура 2000“.[1][2][3] Вбројано е и во списокот Важни птичји подрачја (IBA).

Делта на Вардар
Делта на Вардар-Колудеј-Бистрица
МСЗП — Категорија VI (заштитено подрачје под раководство со ресурси)
Лагуната на с. Гаскарка во националниот парк
Карта
МестоСолунско и Берско, Егејска Македонија, Грција
Најблизок градСолун, Либаново
Координати40°30′N 22°40′E / 40.50° СГШ; 22.66° ИГД / 40.50; 22.66
Површина33.779 ha (130,42 sq mi)
Создаден(а)2009
axiosdelta.gr

Клима

уреди

Климата во овој крај е топла преку летото, без особени температурни колабања, додека пак зимите се свежи и влажни. Прекумерните врнежи од снег се ретка појава, а замрзнувањето на водата е уште поретко. Просечните годишни врнежи изнесуваат 442,5 мм, при што најврнежлива е есента.[4]

Растителен и животински свет

уреди

Паркот нема ретка, ендемска или загрозена растителност, туку се состои од видовите кои често се среќаваат по моклиштата, соленикавите води и плажите.

Реките во паркот се особено богати и разновидни. Само во Вардар се забележани 26 видови риби, а Бистрица има 26 домородни и 4 доведени видови. Од нив, од особен интерес е мергурот (Pachychilon macedonicum). Меѓу цицачите се среќаваат нутријата (Myocastor coypus), стоболката (Spermophilus citellus), видрата (Lutra lutra) и биволот (Bubalus bubalis).[5]

Птици

уреди

Во националниот парк се застапени многу видови птици, од кои некои постојани и многу презимки и други преселници. Еве некои од позначајните:

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. votaniki (15 јануари 2019). „Δέλτα Αξιού – Λουδία – Αλιάκμονα – Αλυκή Κίτρους (GR1220010) - Βοτανική“. Посетено на 28 јуни 2019.
  2. „N2K GR1220002 dataforms“. natura2000.eea.europa.eu. Посетено на 28 јуни 2019.
  3. „Delta Axiou - Loudia - Aliakmona – Evryteri Periochi - Axioupoli“. Protected Planet. Посетено на 28 јуни 2019.[мртва врска]
  4. Τα Εθνικά Πάρκα της Ελλάδος, σ. 274, εκδ. Explorer, isbn 960-8303-04-4
  5. Βασίλης Γκούτνερ, Υδροβιότοποι «Στο Δέλτα του Αξιού», εκδ. Καθημερινής «ΕΠΤΑ ΗΜΕΡΕΣ», τόμ. ΚΕ σ. 85 (1988)

Надворешни врски

уреди