Црноглав галеб
Црноглав галеб | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Бекасови |
Семејство: | Галеби |
Род: | Галеби-рибари |
Вид: | Црноглав галеб |
Научен назив | |
Ichthyaetus melanocephalus (Temminck, 1820, брег на Јадранот) | |
Распространетост на црноглавиот галеб размножувалишта живеалишта презимувалишта
| |
Синоними | |
Larus melanocephalus |
Црноглав галеб (науч. Ichthyaetus melanocephalus) — мал галеб кој живее речиси на целиот западен палеарктик, главно на југоисток , особено околу Црното Море и средна Турција. Има колонии и на други места во јужниот дел на Европа, а претрпе драматична експанзија во последните децении. Го има и во Македонија.
Распросранетост
уредиПорано, црноглавниот галеб бил ограничено распространет крај Црното Море и источниот дел на Средоземјето, но овој вид сега се прошири во поголемиот дел од Европа. Во Велика Британија и Ирска имаше 543 - 592 парови во 2008 година. Во Ирска размножувањето е забележано во најмалку четири окрузи. Тие се распространети, исто така, и во Белгија, Холандија, Данска, Шведска, Естонија, Швајцарија, Чешка, Унгарија и на Балканот. Зиме, овие птици се селат во Средоземјето и на брегот на Атлантскиот Океан.
Опис
уредиЦрноглавиот галеб е малку поголем и покрупен од црноглавиот галеб, со подебел и поцврст клун и подолги, потемни нозе. Во сезона на парење возрасниот црноглав галеб е бел, со мошне бледо сива наметка и крила со бели примарни пердуви, со црна „маска“ на главата која е контрастна на белите линии околу очите. Клунот е тап, темноцрвен со црна лента при врвот. Вон сезона на парење возрасните се слични, но „маската“ е помала и станува црна лента врз очите како на разбојник. На оваа птица ѝ треба две години да стигне до зрелоста. Првата година птици имаат црни опашки и повеќе црни области кај пердувите, но имаат бледи пердуви под крилјата.
Исхрана
уредиПрехранбените навики на црноглавиот галеб се многу опортунистички: јаде риба, црви, остатоци, инсекти, внатрешни органи и мрши.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Butchart, S.; Symes, A. (2015). „Larus melanocephalus“. Црвен список на МСЗП. МСЗП. 2015: e.T22694443A85050054. Посетено на 28 април 2016. (англиски)
- Извори
- „Larus melanocephalus“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 6 May 2006. Database entry includes justification for why this species is of least concern
- Pons J.M., Hassanin, A., and Crochet P.A.(2005). Phylogenetic relationships within the Laridae (Charadriiformes: Aves) inferred from mitochondrial markers. Molecular phylogenetics and evolution 37(3):686-699
- Beaman, M. & Madge, S (1998) The Handbook of Bird Identification, Christopher Helm
Надворешни врски
уреди„Црноглав галеб“ на Ризницата ? |
- Црноглав галеб на Викивидовите ?
- Larus melanocephalus — BirdLife (англиски)
- {{{2}}} на Avibase
- Црноглав галеб — видеоснимки, слики и звуци на Семрежната збирка на птици
- Црноглав галеб — галерија на слики на VIREO (универзитет „Дрексел“)