Стадион Јувентус
Стадионот Јувентус (англиски: Juventus Stadium) е фудбалски стадион во Торино кој е изграден во септември 2011 година на местото на стариот Деле Алпи. На него своите домашни натпревари ги игра екипата на Јувентус, која воедно е и сопственик на стадионот. Стадионот има сместивост од 41.000 гледачи, а димензиите на теренот се 105 × 68 метри.
Стадион Јувентус | |
---|---|
Место | Str. Com. di Altessano 131 Торино Италија |
Изграден | 2011 |
Отворен | 8 септември 2011 |
Сопственик | Јувентус |
Игра | Јувентус |
Гледачи | 41.000 |
Историја
уредиСтадионот бил отворен на 8 септември 2011 кога Јувентус одиграл пријателски натпревар со најстариот клуб на светот, англискиот Нотс Каунти. Првиот официјален натпревар на овој стадион се одиграл на 11 септември во рамките на второто коло од сезоната 2011-2012 во Серија А, кога Јувентус со резултат 4-1 ја совладал екипата на Парма. Првиот погодок на стадионот го постигнал швајцарецот Стефан Лихтштајнер во 17. минута од натпреварот.
Надворешни врски
уреди- Официјална страница Архивирано на 13 септември 2011 г.
- Новиот стадион на Јувентус