Замоци на Лоара

список на статии на Викимедија
(Пренасочено од Дворци на Лоара)

Долината на реката Лоара (фр. Vallée de la Loire) во Франција е позната по својата богата архитектонска оставнина во старите градови како Амбоаз, Анже, Блоа, Шинон, Монсоро, Орлеан, Сомур и Тур, но особено по своите славни замоци („шатоа“), како Амбоаз, Виландри, Шанонсо, Монсоро.

Долина на Лоара, помеѓу Сули на Лоара и Шалон на Лоара
светско наследство на УНЕСКО
Замокот Азе-ле-Ридо
КритериумКултурен: i, ii, iv
Навод933
Запис2000 (24то заседание)
Дворец Монсоро

Пејзажот на речната долина, а особено нејзините споменици на културата, во голема мера ги отелотворуваат идеалите на еенесансата и просветителството во западноевропската мисла и дела. Долината се одликува со извонреден културен пејзаж од восхитувачка убавина, со стари градови и села од историско значење, велики споменици на архитектурата, многу замоци, и висококвалитетни вина.

На 2 декември, 2000, УНЕСКО го придодал средишниот дел на долината на реката Лоара, помеѓу Мен и Сули на Лоара, кон престижната список на места на светско наследство. Одбирајќи ја оваа област во која спаѓаат департманите Лоаре, Лоар и Шер, Ендр и Лоара и Мен и Лоара, комитетот се изјаснил дека долината на Лоара е:

„исклучителен културен предел со голема убавина кој се состои од историски градови и села, величествени архитектонски знаменитости - Шатоата - и територии култивирани и обликувани од вековното взаемодејствие помеѓу локалните населенија и нивното физичко окружување, особено со самата Лоара.“


Замоци на Лоара

уреди

Замоците (шатоата) се повеќе од триста на број, и претставуваат нација на градители започнувајќи од неопходните замоци - утврдувања во X век до раскошот на оние изградени илјада години подоцна. Кога кралевите почнале да ги градат нивните огромни замоци во таа долина, благородништвото, не сакајќи да биде далеку од средиштето на моќта, го направило истото. Нивното присуство во богатата и плодна долина, со умерена клима, почнало да ги привлекува најдобрите пејзажни архитекти.

Кон средината на XVI век, кралот Франсоа I го преместил центарот на моќта од Лоара кон старата престолнина Париз. Со него пошле и големите архитекти, но кралското семејство и понатаму претпочитало да го минува најголемиот дел од времето крај Лоара. Со доаѓањето на Луј XIV на власт во средината на XVII век, градот Париз станал трајно средиште на администрацијата и власта по изградбата на Версај. Меѓутоа оние под покровителство на кралот и буржоазијата продолжиле со реновирање на постоечки замоци или да градат одново како летни резиденции крај Лоара.

Со Француската револуција низа замоци на Лоара биле уништени, а многу биле опустошени и нивните ризници биле ограбени. Прекуноќното осиромашување на укинатото благородништво, обично откако еден од неговите членови ја загубил главата на гилотина, значело рушење на многу замоци. За време на Првата и Втората светска војна некои замоци станале воени штабови. Некои од овие продолжиле да се користат за таа намена и по 1945.

Денес овие замоци се во приватна сопственост и служат како домови, а неколку ги отвораат нивните врати за туристи, додека други се хотели или пансиони. Многу од нив се преземени од локалните власти, додека гигантските градби како Шамбор се во сопственост и под управа на владата и се големи туристички атракции, привлекувајќи стотици илјади посетители годишно.

 
Замоци во долината на Лоара

Надворешни врски

уреди