Даутли (Гевгелиско)
Даутли (грчки: Αμπελοχώρι, Амбелохори; до 1926 г. Δαουτλή, Даутли[1]) — поранешно гевгелиско село во Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија во областа Централна Македонија, Грција.
Даутли Αμπελοχώρι | |
---|---|
Координати: 41°9.51′N 22°39.41′E / 41.15850° СГШ; 22.65683° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки |
Општина | Пајонија |
Надм. вис. | 20 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало северно од градот Ругуновец, на самата границата со Р Македонија јужно од Севендекли и западно од Крастали.
Историја
уредиНа почетокот на XX век Даутли било турско село во Гевгелиската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Даутлиј имал 225 жители Турци.[2] По Втората балканска војна во 1913 г. селото било припоено кон Грција, кога имало 272 жители. Како последица од Првата светска војна, во 1920 г. населението се намалило на 128 жители. Турското население во 1924 г. се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки доселеници од Понд.[3], а во 1926 г. државата го преименува во Амбелохори. Така, во 1928 г. во Даутли се попишани 33 семејства со вкупно 97 жители, сите дојденци.[4] Во пописот од 1940 г. во Даутли се заведени 111 жители.[3] Во 1941 г. добар дел од жителите се преселиле во селото Колиби. Според Симовски, селото продолжило да постои сè до 1951 г. кога преостанатите 60 жители се иселиле во кукушкото село Севендекли, каде се прибрале и жителите од неколку околни села, сместувајќи се во новоизградени државни станови.[3]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 111 | 60 | — | — | — | — | — | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δαουτλή -- Αμπελοχώρι
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 151. ISBN 954430424X.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 83.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.