Андреј Петров

македонски политичар

Андреј Петров (роден на 26 мај 1971 во Скопје) — македонски политичар, пратеник и секретар на СДСМ.

Андреј Петров
Роден 26 мај 1971(1971-05-26)(53 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Занимање политичар

Образование

уреди

Андреј Петров своето основно и средно образование ги завршил во Скопје, каде во 1995 година дипломирал на Медицинскиопт факултет во Скопје. Специјализирал во периодот 1997-2000 година на Медицинскиот факултет во Скопје, на предметот дерматовенерологија. Претстојувал на стручен претстој во Клиничкиот центар во Љубљана и на Универзитетската клиника во Гетеборг (Шведска). Магистрирал во 2002 година на ВМА во Белград, Србија.

Професионална кариера

уреди

Од 1996 година работи на Клиниката за дерматовенерологија. Специјалист-консултант е на болницата Ремедика во Скопје.

Партиска кариера

уреди

Петров во 1998 година станал член на СДСМ. Бил заменик шеф на Изборен штаб на ОО СДСМ во Карпош на парламентарни избори 2002 година, шеф на Регионалниот изборен штаб на ИЕ 1 во 2006 година на парламентарни избори, шеф на Градскиот изборен штаб на претседателски и локални избори 2009 година. Во периодот од 2003 до 2005 година бил секретар на ОО СДСМ Карпош, а од 2006 до 2009 година станал член на извршниот одбор на СДСМ.

Политичка кариера

уреди

Во периодот од 2003 до 2008 година бил градоначалник на Општина Карпош. Во периодот од 2005 до 2008 година ја вршел функцијата претседател на заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС), а воедно ја вршел и функцијата шеф на делегацијата на Македонија во Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа.

По Парламентарните избори во 2008 година станал пратеник во Собранието на Македонија.