Гумења (Виничани)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Гумења

Карта

Местоположба 41°39′56″N 21°48′30″E / 41.66556° СГШ; 21.80833° ИГД / 41.66556; 21.80833
Основни податоци
Место Виничани
Општина Градско
Тип

 населба  некропола


Период римско време
Портал „Археологија“

Гумењанаселба и некропола од римското време. На источниот крај на селото Виничани, од десната страна на патот што води кон селото, на просторот на последните куќи, на едно зарамнето плато со површина од 1,5 хектар се среќааат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, покривни ќерамиди и друг градежен материјал. При обработувањето на земјата биле откриени и ѕидови од повеќе објекти ѕидани од камен и варов малтер. Од ова наоѓалиште потекнуваат и две надгробни стели кои се пренесени во Стоби. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Велес и во Археолошката збирка во Стоби.[1]

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 62-63. ISBN 9989649286.