Грб на Молдавската Советска Социјалистичка Република
Грбот на Молдавската Советска Социјалистичка Република бил усвоен на 10 февруари 1941 година, од страна на тогашната влада на Молдавската ССР.
Грб на Молдавската Советска Социјалистичка Република | |
---|---|
Подробно | |
Грбоносец | Молдавска Советска Социјалистичка Република |
Усвоен | 10 февруари 1941. |
Мото | „Пролетери од сите земји, обединете се!“ |
Опис
уредиГрбот се темели на грбот на СССР. Прикажува симболи на земјделието (пченица, пченка, грозје и детелина). Во позадинат се наоѓа изгрејсонце, симбол на иднината на молдавската нација. На грбот се наоѓа срп и чекан и црвена ѕвезда, симболи на комунизмот. Во склоп на грбот се наоѓа и мотото на СССР "Пролетери од сите земји обединете се!" напишан на молдавски и руски јазик. Во дното на грбот се наоѓа натпис "РССМ" (молдавска скратеница за "Молдавска Советска Социјалистичка Република").
Грбот бил на сила сè до 3 ноември 1990, кога бил заменет со денешниот грб на Молдавија.
Поврзано
уреди„Грб на Молдавската Советска Социјалистичка Република“ на Ризницата ? |
Оваа статија поврзана со Молдавија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |