Граслебен (германски: Grasleben) — општина во округот Хелмштет, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 10 километри северно од градот Хелмштет и 20 километри југоисточно од градот Волфсбург.

Граслебен
Грб на Граслебен
Граслебен во рамките на Германија
Граслебен
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хелмштет
Општ. заед. Граслебен
Градоначалник Вероника Кох (ДХС)
Основни податоци
Површина 11,27 км2
Надм. височина 99 м
Население 2.469 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 219 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HE
Пошт. бр. 38368
Повик. бр. 05357
Портал www.samtgemeinde-grasleben.de
Местоположба на Граслебен во рамките на округот Хелмштет
Карта
Карта
Координати 52°19′0″N 11°01′0″E / 52.31667° СГШ; 11.01667° ИГД / 52.31667; 11.01667

Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Географија

уреди
 
Внатрегерманската граница кај Граслебен (јули 1989 г.)

Општината Граслебен се наоѓа 13 километри северно од градот Хелмштет во природниот парк Елм-Лапвалд. Источната општинска граница со градот Ебисфелде-Веферлинген е истовремено и окружна граница со округот Берде и покраинска граница со сојузната покраина Саксонија-Анхалт. До повторното обединување на Германија во 1990 година била и дел од внатрегерманската граница.

Општински единици

уреди

Општината е поделена на следниве единици:

  • Граслебен
  • Хајдвинкел

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди