Градиште (Говрлево)
археолошко наоѓалиште во Македонија
Градиште — археолошко наоѓалиште во скопското село Говрлево. Претставува утврдена населба и базилика од римско време доцна антика и старохристијанско време .[1]
На околу 600 м северно од селото се наоѓа мало ритче со зарамнето плато на врвот големо околу 2 хектара, на кое се гледаат остатоци од бедем граден од кршен камен и варов малтер. На површината има фрагменти од садова и градежна керамика, питоси, а биле наоѓани и монети. Мермерни блокови се пренесени во селските цркви во Говрлево и Барово. На југоисточната тераса има темели од голема базилика и непосредно до неа темели од цистерна.
Поврзано уреди
- Градиште — утврдена населба од римското и доцноантичкото време и старохристијанска базилика;
- Св. Илија — средновековна црква;
- Церје — населба од неолитското време;
- Говрлево;
- Список на археолошки наоѓалишта во Скопско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи уреди
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 368, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |