Церје (Говрлево)

археолошко наоѓалиште во Македонија


Местоположба 41°55′57″N 21°21′44″E / 41.93250° СГШ; 21.36222° ИГД / 41.93250; 21.36222Координати: 41°55′57″N 21°21′44″E / 41.93250° СГШ; 21.36222° ИГД / 41.93250; 21.36222
Основни податоци
Место Говрлево
Општина Сопиште
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Церјеархеолошко наоѓалиште кај скопското село Говрлево. Претставува населба од неолитското време и се наоѓа на 2 км југоисточно од селото, помеѓу Чифличка Река од исток и Церешка Река од запад.[1]

Населбата е случајно откриена во 1981 г. а од 1982 г. започнале систематски ископувања. Во длабокиот културен слој е пронајдена повеќеслојна населба со шест хоризонти на живеење. Најстариот хоризонт (I) е од времето на раниот неолит, напореден на праисториската култура Анзабегово-Вршник I, хоризонтите II-IV се од средниот неолит, напоредни на Анзабегово-Вршник II-IV, а последните два хоризонти се од доцниот неолит, идентични на културата Зелениково II.[1]

Откриени се три куќи за живеење, од дрво и кал, со димензии од 4,5 × 4,5 м, поделени на две простории.

Позначајни наодиУреди

Адам од МакедонијаУреди

Во 2000 г. во Церје ова место археологот Милош Билбија пронашол исклучително реалистична фигурина на машко торзо големо културно значење, која ја нарекол „Адам од Македонија“ (позната и како Адам од Говрлево), и за која се смета дека датира од VI милениум п.н.е. Денес артефактот се чува во Музејот на Град Скопје.

Древно писмоУреди

На наоѓалиштето е се откриени и артефакти со знаци налик на глаголицата, но кои сѐ уште не се дешифрирани.[2] Некои овие знаци ги сметаат за едно од најстарите писма на светот.

ПоврзаноУреди

Препорачана литератураУреди

  • Фиданоски, Љубо (2012). Церје - Говрлево и Милош Билбија. Скопје: Музеј на Град Скопје. ISBN 978-608-233-018-1.

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди