Градишор (Милетково)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Градишор“
| |
Поглед кон Градишор | |
Местоположба | 41°16′47″N 22°28′29″E / 41.27972° СГШ; 22.47472° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Милетково |
Општина | Гевгелија |
Тип |
|
Период | раноантичко време |
римско време | |
Портал „Археологија“ |
Градишор - Мрамор — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Милетково. Претставува населба и некропола од раноантичкото и римското време.
На 1,5 км јужно од селото, на десниот брег на Вардар, спроти наоѓалиштето Исар во Марвинци, во нивите на П. и Н. Митреви, што се наоѓаат на големо зарамнето флувијално плато со површина од околу 2,5 хектари, се гледаат темели од објекти, а по површината има множество фрагменти од керамички садови, питоси, имбрекси и градежен материјал. Во профилот пресечен со изградбата на железничката пруга Скопје-Гевгелија се гледаат гробни конструкции градени од камени плочи од типот на циста.[1]
Наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 109. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
уреди- Градишор (Милетково) на Ризницата ?