Гољамо Белово (бугарски: Голямо Белово, до 1945 г. Голѣмо Бѣлово) — село во Јужна Бугарија, се наоѓа во Општина Белово во Пазарџичката Oбласт. Има население од околу 424 жители (2022).[1]

Гољамо Белово
Голямо Белово
село
Поглед на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Гољамо Белово
Поглед на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Гољамо Белово
Гољамо Белово is located in Бугарија
Гољамо Белово
Гољамо Белово
Местоположба на Белово во Бугарија
Координати: 42°11′36″N 23°59′20″E / 42.193345° СГШ; 23.988818° ИГД / 42.193345; 23.988818
ЗемјаБугарија
ОбластПазарџик
ОпштинаБелово
Управа
 • ГрадоначалникЕли Илчева (БСП)
Површина
 • Вкупна35,307 км2 (13,632 ми2)
Надм. вис.&10000000000000411000000411 м
Население (2022)
 • Вкупно424
 • Густина12/км2 (31/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код4473
Повик. бр.+359 03581

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во планинска област помеѓу бугарските планини Рила и Родопи Реката Јаденица, минувајќи низ центарот на селото, ја дели Рила од Родопите. Реката Марица го дели селото по должина.

Гољамо Белово се наоѓа на 3,5 км од општинскиот центар Белово и на 32 км западно од регионалниот центар Пазарџик.

Историја

уреди

Во близина на денешното село се наоѓал разурнатиот доцноантички и средновековен утврден град Левке, кој бил сместен на површина од 80 декари на врвот „Свети Спас“. Денес најзачуваниот објект е базиликата која била катедрала на Левкиската епархија.[2][3][4] Во средниот век, околу ранохристијанскиот храм, се појавил манастир, кој бил уништен од Турците во 17 век за време на исламизацијата на Бугарите од Чепинското корито. Тогаш била урната и базиликата.[5] Местото и денес е почитувано, па затоа до базиликата е изградена црква, која иако е доста далеку од околните села, е многу посетена.

Црквата „Св. Георги“ во селото Гољамо Белово е најстарата црква во Пазарџичкиот регион. Била изградена во периодот 1806-1813 година, а била сликана во 1844 година од Петраки Костович од Самоков. Исклучително дело на преродбеното копаничарство е иконостасот — бил изработен од мајстори од банско-разлошката копаничарска школа. Дел од иконите од царскиот ред на иконостасот ги насликал Христо Димитров (татко на Захари Зограф).

Во 1874 година во селото револуционерот Тодор Каблешков го основал читалиштето „Искра“. После изградбата на железничката пруга Цариград - Белово многу жители на селото Гољамо Белово, кои поради брзиот раст на индустријата околу железничката станица, се преселиле таму зашто нашле подобри услови за живот .

При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, 6 жители на Гољамо Белово доброволно се пријавиле во Македонско-одринското ополчение.[6]

Наводи

уреди
  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. „Епархия“ (бугарски). Пловдивска митрополия. Посетено на 11 февруари 2018.
  3. Мутафчиев, Петър (1973). Избрани произведения, том II. София: Наука и изкуство. стр. 228.
  4. Велев, Ганчо. „За титлите на архиереите без епархии в Българската църква“. Посетено на 3 јуни 2017. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  5. Беловската базилика, Официален сайт „Свети места“.
  6. Македоно-одринското опълчение 1912 - 1913 г.: Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“. София, Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9, 2006. ISBN 954-9800-52-0. с. 837.

Надворешни врски

уреди