Горна Маала
Горна Маала — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Горна Маала | |
Воздушен поглед на селото | |
Координати 41°20′53″N 22°28′04″E / 41.34806° СГШ; 22.46778° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Валандово |
Област | Бојмија |
Население | н.п. жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2462 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 95 м |
Горна Маала на општинската карта Атарот на Горна Маала во рамките на општината | |
Горна Маала на Ризницата |
Селото до 2014 година се водело како маало на селото Јосифово, но со измени во Законот за територијална организација било прогласено за самостојна населба.[2]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Бојмија, во јужното подножје на планината Плавуш, северозападно од гратчето Валандово. Сместено е северно од Јосифово, а северозападно од Калково.
Историја
уредиСелото е прогласено за самостојна населба во 2014 година,[2] а дототаш било едно од двете маала на Јосифово.
Стопанство
уредиСелото нема сопствен атар и припаѓа во атарот на селото Јосифово, иако било прогласено за самостојна населба.
Население
уредиЗа селото нема никакви податоци за движење на населението, бидејќи до 2014 година се водело како дел од селото Јосифово. Дури и по прогласувањето како посебно село, не било издвоено со своја катастарска општина, поради што не било земено в предвид при најновиот попис на населението во 2021 година.
Самоуправа и политика
уредиБидејќи до 2014 година припаѓало на селото Јосифово, ја дели неговата административна поделба.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0289 според Државната изборна комисија, сместено во продавницата во селото Јосифово.[3]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 134 гласачи.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (149): 1. 2014. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-10-28.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2024-02-20. Посетено на 20 февруари 2024.
Надворешни врски
уреди- Горна Маала на Ризницата ?