Горан Стојменовиќ
Горан Стојменовиќ (Тетово, 1 декември 1970 – Куманово, 10 мај 2015) бил македонски бранител, специјалец во ЕСЗ Тигар и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува во вооружената престрелка во Куманово на 9 мај 2015 година заедно со седуммина соборци.[1]
Горан Стојменовиќ | |
---|---|
01.12.1970 – † 10.05.2015 (44 г.) | |
Роден во: | Тетово, Македонија |
Починал во: | Куманово |
Служба во: | Македонија |
Чин: | Специјалец во МВР |
Единици: | ЕСЗ Тигар |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001
|
Одличја: | (посмртно) |
Животопис
уредиЖивот, војната 2001 и сведоштва
уредиГоран Стојменовиќ е роден на 1 декември 1970 година во Тетово. По кратко време неговата фамилија се доселува во скопското село Миладиновци, каде завршува основно училиште како одличен ученик. Средно образование завршува во гимназијата „Орце Николов“ исто така со одличен успех.
Доброволно се пријавува за отслужување на воениот рок во тогашната ЈНА, во Белград и Ниш, а подоцна во 1991 година се пријавува на конкурсот за полициски службеници кој го завршува успешно. Во 1992 година својата кариера во МВР ја започнува во ПС-ИФОО, за да истата година на интерен оглас во Единицата за специјални задачи и без потешкотии ја заврши селективната обука и стана дел од ЕСЗ Тигар. Во Единицата со успех ги завршува основната и специјалистичката обука. Иако професионално никогаш не се занимавал со спорт, имаше спортски дух, многу ја сакаше кошарката, пливањето и скијањето.
Во Единицата беше до 1998 година кога беше прераспореден во полициска станица Бит-пазар, за кога беше најпотребно во конфликтот 2001 година повторно се врати во Единицата. Беше пример за вистински професионалец и имаше несебична љубов кон професијата и колегите. Неговата единствена парола беше:„Живеам за единицата, таа е мојот живот!“ Во 2001 година за време на вооружениот конфликт учествува во сите акции во кои беше ангажирана Единицата.
Животот го загуби на 10 мај 2015 година во Куманово додека извршуваше службени задачи. Со највисоки почести е погребан на гробиштата Камник во населбата Ченто, Скопје. Единицата за специјални задачи „Тигар“ со гордост го чува споменот на својот загинат припадник и херој. Горан Стојменовиќ посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Осуммина загинати спасија илјадници животи“. Дневник. 2015-05-10. Архивирано од изворникот на 2016-08-06. Посетено на 2017-05-25.