Глорјез (француски: Îles Glorieuses, служб. Archipel des Glorieuses) — група острови и карпи со вупна површина од 5 км2. Спаѓаат во групата на Расеаните Острови, кои се француско владение во рамките на прекуморска територија Француските Јужни и Антарктички Земји, но право на нив полагаат и Коморите, и Мадагаскар, а порано и Сејшелите. Географски тие се дел од Коморите, помеѓу францускиот прекуморскиот регион Мајот и Мадагаскар.

Глорјез
Îles Glorieuses
Знаме
ГеслоСлобода, еднаквост, братство
ХимнаМарселеза
Географија
МестоМозамбички Проток
Координати11°33′S 47°20′E / 11.550° ЈГШ; 47.333° ИГД / -11.550; 47.333
Држава
Прекуморска територијаФранцуски Јужни и Антарктички Земји
ОкругРасеани Острови

Архипелаг

уреди

Архипелагот се состои од два острова — Голем Глорјез (11°34′46″S 47°17′54″E / 11.5795° ЈГШ; 47.2984° ИГД / -11.5795; 47.2984 (Голем Глорјез)) и Лилјановиот Остров (Île du Lys) — како и осум карпести островчиња: Бродоломната Карпа (Wreck Rock) (11°30′45″N 47°22′54″E / 11.51255° СГШ; 47.38171° ИГД / 11.51255; 47.38171 (Бродоломна Карпа)), Јужната Карпа (South Rock) (11°35′44″S 47°18′07″E / 11.5955° ЈГШ; 47.30185° ИГД / -11.5955; 47.30185 (Јужна Карпа)) и Зелените Карпи (11°34′16″S 47°19′54″E / 11.5710° ЈГШ; 47.3317° ИГД / -11.5710; 47.3317 (Зелени Карпи)) и уште три безимени карпи. Образуваат корален гребен и лагуна. Голем Глорјез има кружен облик и пречник од 3 км. Прекриен е со густа растителност, оретежно остатоци од кокосова планатажа и пресличници.

Лилјановиот Остров (11°30′59″S 47°22′36″E / 11.5165° ЈГШ; 47.3767° ИГД / -11.5165; 47.3767 (Лилјанов Остров)) на околу 8 км североисточно од Голем Глорјез е долг 600 м и сочинет од песочни дини и шикари со извесно количество мангрови. Порано тука се копал фосфат (гвано).

Групата има исклучив стопански појас (ИСП) од 48.350 км2. Сидриштата се вонбрежни, а Голем Глорјез има и слетувалиште долго 1.300 м.

Клима

уреди

Климата е тропска, а теренот е низок и рамен, со висинска разлика до 12 м. Лилјановиот Остров е гнездилиште за преселни морски птици, а на плажите желките несат јајца. Во океанот се среќаваат преселни видови како грбави китови и китови-ајкули.[1]

Историја

уреди

Веројато е дека островите им биле познати на арапските (особено јеменски) морепловци, но останале безимени. За првпат се именувани и населени во 1880 г. од Французинот Иполит Калто, кој направил кокосова плантажа на Голем Глорјез. Архипелагот станал француско владение во 1892 г. кога капетанот Ришар на бродот „Приможе“ го прогласил за француски посед. Во 1895 г. Глорјез станал дел од колонијата Мајот и нејзините зависности.

Од 1914 до 1958 г. се доделувале дозволи на сејшелски претпријатија за експлоатација на островите. Денес островите се природни резервати со метеоролошка станица и касарна на Легијата на странци.[2] Мадагаскар од 1972 г. полага право на островите иако тие никогаш не биле дел од францускиот протекторат Мадагаскар, туку од колонијата Мајот и зависностите, тогаш дел од Француските Комори.[3] Коморите полагаат право на Мајот и Глорјез.[4] Сејшелите исто така полагале право на Глорјез сè до договорот за поморските граници склучен во 2001 г.

Во 2012 г. француските власти основале природен парк за заштита на загрозените растителни и животински видови на островите.[5]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Glorioso Islands (images) Архивирано на 17 септември 2017 г.. посет. 16 септември 2017 г.
  2. „Foreign Legion Detachment in Mayotte | French Foreign Legion Information“ (англиски). Посетено на 3 февруари 2021.
  3. „Disputes - International“. CIA World Factbook. Архивирано од изворникот на 20 октомври 2011. Посетено на 8 ноември 2011.
  4. „Comoros hits back against France over visa suspension“. Reuters (англиски). Посетено на 11 април 2021.
  5. Француска агенција за биоразновидност (француски) посет. 16 јули 2019 г.

Надворешни врски

уреди