Историја на Коморите
Се верува дека Коморите за првпат биле посетени од феникиски морнари[1][2]. Најраните жители на островите, според некои извори биле морнарите од Меланезија[3], кои се населиле овде кон 5 век. Племето Банту очигледно на овие простори се населило кон 14 век главно од бреговите на денешната држава Мозамбик. Во текот на 15 век и 16 век овде се населиле арапски имигранти, кои започнале да ја шират својата религија градејќи џамии. Португалските истражувачи ги посетиле островите во 1505 година. Коморските острови во 1886 година биле колонизирани од страна на Французите. Во 1958 година островите добиле статут на француска територија. Во 1968 година островите добиле можност за самостојно внатрешно управување. На 6 јули 1975 година островите биле објавени за независна држава, а од 1978 година како федерална исламска република. Во текот на 1989 година бил извршен државен удар и бил убиен претседателот Алмед Абдалах. Од прогласувањето на независноста на земјата биле извршени вкупно 19 државни преврати. Политичката нестабилност и дестабилизацијата на земјата се решила во 2001 година кога бил избран новиот устав според кој секој остров има своја широка автономија и свое право да избира свој претседател. Земјата е член од ООН од 1975 година.
Дел од темата Комори |
Портал:Комори |
Наводи
уреди- ↑ "Comoros History", Encyclopedia of the Nations"
- ↑ „Zanzinet Forum“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2010-03-12.
- ↑ "Comoros History", Encyclopedia Britannica