Глорија Перес

бразилска писателка

Глорија Пересбразилска писателка на новели.

Глорија Перес

Живот и дело

уреди

Родена е во 1948 година во Рио де Жанеиро[1]. Нејзината кариера започнала кога таа напишала епизода за серијата „Малу“ која никогаш не била снимена. По неколку години, сценариото се нашло во раце на Жанет Клер, која се заинтересирала за работата на почетничката и ја повикала да работат заедно на нејзиниот нов прокет, новелата „Ветувам“. Во 1983 година, Жанет се разболува од рак и починува, оставајќи ја серијата незавршена. Тогаш, Глорија добила задача да биде на чело на проектот, под надзор на Диас Гомес. Следната година, заедно со Агиналдо Силва работи на „Опасен влог“. Несогласувањата околу идеите за серијата станувале очигледни, и Агиналдо ја напушта серијата. Во 1987. ја пишува полемичната „Кармен“, за телевизијата Манчете. Во 1990. се враќа во Глобо тв за да ја направи минисеријата „Посакување“, заснована на животот на Ана де Асис. Понатамошните успеси и носат добри резултати на Глорија: во 1992. и е даден главниот термин на Глобо, за серијата „Со душа и тело“. И покрај успехот, серијата останува запаметена по смртта на ќерката на Глорија, Даниела Перес, која е убиена од колега на снимање. Во 1995. Глорија се враќа со новелата „Пука срцето“, и минисеријата „Ураганот Хилда“. Во 1998. го прави римејкот на серијата „Главни гревови“, но не привлекува голема публика. Во 2001 и 2002 го прави еден од најголемите успеси на модерната телевизија: „Клон“ Белегот од Глорија Перес во нејзините новели е тоа што се задржува на социјални проблеми кои ја преокупираат и заинтересираат публиката: пресадување на органи („Со душа и тело“), исчезнати деца („Пука срцето“), клонирање на луѓе и дрога („Клон“), слепост („Америка“) како и шизофренија, зависност од интернет, и индиска култура во новелата („Патот на Индијките“).

Новели

уреди

Мини серии

уреди
  1. Error on call to Template:Cite interview: Parameter subject (or last) must be specified Retrieved on 24 September 2023.