Гицков
Гицков (германски: Gützkow) — град во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа околу 15 километри јужно од Грајфсвалд, на северниот брег на реката Пене. Гицков бил средиштен град во средновековното Грофовија Гицков.
Гицков | |
Авионски поглед кон Гицков | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Грајфсвалд |
Месна заед. | Цисов |
Градски единици | 8 |
Градоначалник | Јоахим Ото |
Основни податоци | |
Површина | 57,15 км2 |
Надм. височина | 12 м |
Население | 2.974 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 52 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OVP |
Пошт. бр. | 17506 |
Повик. бр. | 038353 |
Портал | stadt.guetzkow.de |
Местоположба на градот Гицков во рамките на округот Западна Померанија-Грајфсвалд | |
Координати | 53°57′N 13°25′E / 53.950° СГШ; 13.417° ИГД |
Историја
уредиИмето Гицков потекнува од словенскиот стар полапски јазик, како што е случај во повеќето топоними во Мекленбург-Западна Померанија. Најстарите спомнувања на името се од 1128 како Гозгауја (Gozgauia), во 1140 како Чозчо (Chozcho), во 1163 како Гозкове (Gozkowe), во 1175 како Гоцчове (Gotzchowe), во 1183 како Чозкове (Chozkowe), во 1207 како Гоцкове (Gotzkowe), во 1214 како Чозкове (Chozcowe), во 1228 како Гуцкове (Gutzkowe) и потекнуваат од полапскиот збор Gost, што означува „гостин“,[2] бидејќи градот имал храм, кој го посетувале многу гости. Претпоставката за лице именувано Чоков не е засновано на факти.
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-06-30. Посетено на 2014-01-13.
Оваа статија за место во Мекленбург-Западна Померанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |