Пане Џунов ( 1925 во Ваташа16 јуни 1943 во Ваташа) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите деца во Масакрот во Ваташа.[1]

Пане Џунов
Роден 1925 година
Ваташа
Починал 16 јуни 1943 година
Моклиште, Ваташа.
Стрелан од бугарскиот фашистички окупатор
Националност Македонец
Татко Методи Џунов

Животопис

уреди

Потекнува од земјоделско занаетчиско семејство. По завршувањето на основното образование во своето родно село се запишал и завршил земјоделско училиште. Станал член на ваташката напредна младинска организација организација во 1941 година, а член на СКОЈ во 1943 година. Заедно со своите другари активно работи во собирање на Црвена помош и во спроведувањето на задачите на ваташката партиска организација. Активно работелво сместувањето и снабдувањето со храна на велешките партизани во текот на 1942/43 година.[1]

 
Спомен плоча на паднати борци од НОВ во периодот од 1941-1945, кај спомен костурницата во Кавадарци. На неа е испишано и името на Пане Џунов.

Масакрот на ваташките деца

уреди
 
Телата на младинците од Ваташа, после масакрот извршен од Бугарските сили.

Поради неговата активност во народноослободителното движење на 16 јуни во раните утрински часови е уапсен од страна на бугарскиот фашистички окупатор, а потоа стрелан во месноста „Моклиште”, со уште 11-мина младинци од Ваташа.[2]


Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 439. ISBN 978-608-4621-04-1.
  2. Србиновски, Дејан (2023-06-16). „Сведоштвото на Павлина Касапинова за злосторството во Ваташа“. Слободен печат. Посетено на 2024-07-10.