Данко Дафков
Данко Глигор Дафков ( 1925 во Ваташа — 16 јуни 1943 во Ваташа)— македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите деца во Масакрот во Ваташа.[1]
Данко Дафков | ||
Роден | 1925 година Ваташа | |
---|---|---|
Починал | 16 јуни 1943 година Моклиште, Ваташа. Стрелан од бугарскиот фашистички окупатор | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од земјоделско семејство, а и самиот активно им помагал на своите родители во извршувањето на земјоделските работи. Во редовите на напредното македонско и антифашистичко движење се вклучил уште во 1941 година. Заедно со своите другари бил ангажиран во сместувањето и обезбедување со храна на борците од велешкиот партизански одред „Димитар Влахов”. Тој активно соработувал со напредните ваташки младинци во прибирање на оружје, храна и муниција за борците од одредот „Добри Даскалов”.[1]
Масакрот на ваташките деца
уредиЗа време на јунската офанзива рано утрото на 16 јуни 1943 година е уапсен заедно со уште петнаесет младинци и младинки од селото Ваташа.[1]
Истиот ден во месноста "Моклиште" сите дванаесет младинци се стрелани, а нивните безживотни тела на најгрозоморен начин биле масакрирани,[1] од страна на бугарскиот фашистички окупатор.[2]
-
Дел од стреланите Ваташки младинци, во младешките денови
-
Дел од ѕверски убиените Ваташки младинци
-
Дел од стреланите Ваташки младинци, на игранка
-
Бугарскиот терор извршен во Тиквешијата - опишан од Лазар Мојсов, објавен во весникот Нова Македонија бр.28 од 3 јануари, 1945 година (среда)
-
12-те ваташки деца стрелани на 16 јуни 1943 година.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 411. ISBN 978-608-4621-04-1.
- ↑ Весник, Нова Македонија (18 јуни 2018). „Од Моклиште 75 години одекнува плачот по 12-те ваташки младинци“. www.novamakedonija.com.mk.