Георги Димировски

Георги Димировски (Нестрам, 20 декември 1941 ) – универзитетски професор на Факултетот за електроника и информациски технологии.[1]

Георги Димировски
Роден 20 декември 1941
Нестрам
Националност Македонец
Занимање универзитетски професор

Животопис

уреди

Георги Димировски е редовен професор по автоматика и системско инженерство на ЕТФ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, професор по компјутерска наука и информациски технологии на Универзитетот „Догус” во Истанбул и гостин-професор на Истанбулскиот технички универзитет. Тој е странски член на Академијата по технички науки во Белград и е цитиран во „Systems and Control Encyclopaedia: Theory, Technology, Applications“, Пергам, Оксфорд, 1987. На Универзитетот во Брадфорд (Англија) одбранил докторат (1977), завршил постдокторска специјализација (1979) и бил визитингпрофесор (1984–1986). Гостувал на Слободниот универзитет во Брисел (1994), на Универзитетот „Јоханес Кеплер” во Линц (2000), и на Универзитетот „Догус” (2001). Водел 5 национални проекти по управување на сложени процеси и 2 по комплексни системи за одлучување и управување, од кои 3 биле поддржани од Британскиот совет. Во 2003–05 година водел македонско-словенечки научен проект по дефектноотпорно управување. По покана, имал академски престои со семинарски предавања на над 25 универзитети во Европа и Азија. Учествувал во макропроектот COSY (1995–99) на Европската научна фондација (Стразбур). Успешно извел 2 постдокторанда, 15 докторанди, над 30 магистранти и над 300 дипломирани студенти во неколку земји. Бил уредник на зборник во едицијата на IEEE и на 4 зборници на IFAC. Автор е на 4 статии-поглавја по покана во странски научни монографии, објавил повеќе од 25 статии во меѓународни списанија и повеќе од 250 реферати во зборници на IEEE и на IFAC. Бил член на уредувачките одбори за: Proc. Instn. Mech. Eng. J. Syst. &ControlEng“; „Automatika“ (поранешна СФРЈ); „Information Tec- hnologies & Control“ (Сојуз по автоматика и информатика, БГ). Бил главен уредник на „Енгинееринг” (МК). Учествувал во уредувачките одбори на „Facta Universitatis Series EE” (СР и ЦГ) и „J. of Electr. & Electronics Eng.“ (ТР).

Награди и признанија

уреди

Носител е на награди за наука: ЕТАН (1974) по автоматика, „13 Ноември” (1983), ЕТАН (1991) по роботика, и „Research in Brussels” (1993) г. Во 1985 г. го основал Институтот по автоматика и системско инженерство на Електротехничкиот факултет во Скопје. Во 1981 го основал Здружението за ЕТАИ. Во периодот 1985–1991 година бил претседател на Југословенскиот сојуз за ЕТАИ, а во 1991–98 на Инженерската институција на Македонија. Во периодот 1988 –1993 година учествувал во работата на Извршниот совет на Европската научна фондација. Близу две децении учествува во работата на Меѓународната федерација по автоматско управување (IFAC) и тоа: потпретседавач (1996–2002) на TC9.3; претседавач (2002–2005) на TC9.3; претседавач (2005–2008) на CC9 и член на Техничкиот одбор.[1]

Трудови и книги

уреди
  • G. M. Dimirovski, Y.–W. Jing, W.–L. Li, and X.–P. Liu, Adaptive Back-stepping Design of TCSC Robust Nonlinear Control for Power Systems. Intell. Automation & Soft Computing, 12 (1) 75–87, 2006;
  • G. M. Dimirovski, Fuzzy–Petri-net Reasoning Supervisory Controller and Estimating States of Markov-chain Models. Computing & Informatics, 24 (6) 1001–1014, 2005;
  • J. Zhao and G. M. Dimirovski, Quadratic Stability of Switched Nonlinear Systems. IEEE Trans. on Automatic Control, 49 (4) 574–578, 2004.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 463. ISBN 978-608-203-023-4.