Гајза

град во Германија

Гајза (германски: Geisa) — град во округот Вартбург, во Тирингија, Германија. Се наоѓа на подрачјето на планините Рен, 26 километри североисточно од Фулда. Границата со Хесен е многу близу и таа била граница помеѓу Западна и Источна Германија во текот на Студената војна. Така, Гајза била во пограничната областа на Источна Германија на поранешната внатрегерманска граница.

Гајза
Поглед кон Гајза
Поглед кон Гајза
Поглед кон Гајза
Грб на Гајза
Гајза во рамките на Германија
Гајза
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Вартбург
Градоначалник Мартин Хенкел (ДХС)
Основни податоци
Површина 71,75 км2
Надм. височина 318 м
Население 4.823 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 67 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WAK
Пошт. бр. 36419
Повик. бр. 036967
Портал www.geisa.de
Местоположба на градот Гајза во рамките на округот Вартбург
Карта
Карта
Координати 50°43′N 9°58′E / 50.717° СГШ; 9.967° ИГД / 50.717; 9.967

Географија

уреди

Гајза е град на север од планините Рен. Сместен е на реката Улстер.

Историја

уреди

Гајза се наоѓа во областа Бухонија, близу Фулда.

Најстарите докази за населба во Гајза се пронајдени на ридот Ганголфиберг (Gangolfiberg), кој е исто така и највисока точка во градот и единствено преостанато средновековно место во Тирингија и се претпоставува дека потекнува од 11 век. Декретот за доделување на градските права бил изгубен, но првото споменување како град е од 1302. Како административен центар на опатијата Фулда, во Гајза преовладувало католичкото население. Атаназиус Кирхер е роден на 2 мај во 1601/1602 во Гајза.

Поради војните и пожарите во минатото, само неколку од историските градби се зачувани. Во срцето на градот е католичката парохиска црква (Stadtpfarrkirche) посветена на св. Филип и Јован, која била изградена помеѓу 1489 и 1504. Таа е единствената зачувана готска црква во областа на Гајза.

Реткост е кариљонот, специјален вид на 49 бронзени ѕвона на црковната кула. Над плоштадот се наоѓа замокот. Околу замокот се наоѓа мал плоштад (Schlossplatz), на кој се наоѓаат и локалниот суд, поранешен затвор, градскиот замок, голем број трговски градби и протестантска црква.

Во близина на градот се наоѓа поранешниот објект за набљудување на американската војска, наречен Поинт Алфа, кој бил едно од најжешките места за време на Студената војна. Од 2008 г., седиштето на здружението Поинт Алфа се наоѓа во замокот во Гајза, каде е сместен и градскиот музеј.

Во негова близина се наоѓаат одлично зачувани и уредени еврејски гробишта.

Музеи

уреди

„Поинт Алфа“ е името на меморијалното место за поранешната внатрегерманска граница, која ги раздвојувала Источна и Западна Германија.

Луѓе

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди