Галерија на икони (Струмица)

музеј на икони во Струмица, Македонија

Галерија на икони - Струмицамузеј на икони во црквата „Св. 15 тивериополски маченици“ во градот Струмица, дел од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј во Струмица.[1]

Галерија на икони
Црквата „Св. 15 тивериополски маченици“ во која е сместена галеријата
Карта
Основан2000
МестоСтрумица, Македонија Македонија
Типдуховен
Фондикони, црковни предмети

Опис

уреди

Галеријата е отворена во 2000 г. и има за цел да ја претстави уметноста во Струмичко од XV до првите десетлетија на XX век. Опфаќа 94 експонати: 66 икони со различна големина од 9 православни цркви од Струмица и околината, царски двери, плаштеница, обредни предмети, 10 богослужбени книги, 5 крста, 2 насликани манели, 4 кандила, 3 кадилници, метален дискос и свеќник. Предметите се реставрирани и конзервирани со средства на Министерството за култура. Обредните предмети се дело на кујунџии од Струмица. Во иконописот се застапени стилски белези од поствиантискиот период, левантскиот барок, па до неоромантизмот. Дел од нив се дело на струмички и други источномакедонски зографи — Григориј Пецанов, Коста Вангелов и Гаврил Атанасов.

Застапени цркви и манастири

уреди

Иконите и другите предмети потелнуваат од црквите „Св. 40 Севастиски Маченици“ во Банско, „Св. Атанасиј“ во Босилово, „Св. Богородица Елеуса“ во Вељушкиот манастир, „Св. Леонтиј“ во Водочкиот манастир, „Св. Илија“ во Габрово, „Св. Кирил и Методиј“ во Струмица, „Св. Илија“ во Нивичино, „Св. Спас“ во Колешино, „Св. Троица“ во Дабиље, „Св. Ѓорѓи“ во Ново Село, „Свети Илија“ во Градско Балдовци.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Галерија на икони“. Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица. Архивирано од изворникот на 2017-11-07. Посетено на 6 ноември 2017.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)