Црква „Св. Атанасиј“ - Босилово

Свети Атанасиј — православен храм кој се наоѓа во Босилово, Општина Босилово.

Свети Атанасиј
македонска православна црква
Епархија Струмичка
Местоположба

Карта

Место Босилово
Општина Босилово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Атанасиј
Завршено 1842
Зограф Андон Петрович
Архитектонски опис

Историја

уреди

Христијанскиот храм во Босилово, посветен на Свети Атанасиј, бил изграден во 1842 година и е еден од најстарите во регионот. Во црквата отпрвин се служело на грчки јазик, но откако учителот А. Костенцев со група ученици, на Спасовден во 1869 година учествувал во службата на словенски јазик, мнозинството од селаните веќе не сакале да чујат за грчки јазик во црквата. По овој случај овде доаѓале селани и од околните села за да слушнат зборови што ги разбирале[1].

Црквата била зографисана од “смирениј зограф Андон Петрович, од село Гари, каза Дебар“, како што тој самиот се потпишувал.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 159.

Надворешни врски

уреди