Градиште (Делисинци)

археолошко наоѓалиште кај Делисинци, Светиниколско
(Пренасочено од Гадиште (Дилисинци))
Градиште

Карта

Местоположба 41°46′37″N 21°59′59″E / 41.77694° СГШ; 21.99972° ИГД / 41.77694; 21.99972
Основни податоци
Место Делисинци
Општина Свети Николе
Тип

 градиште


Период римско време
Портал „Археологија“

Градиштеградиште од стромакедонско и римско време кај селото Делисинци, Светиниколско. Се наоѓа на 1 км југоисточно од селото, на падините на ридот Богословец, под врвот Свети Јовански Рид, и претставува голема височинка со стрмни падини од сите страни и со зарамнето плато издолжено во правец север-југ околу 150 м.

Димче Коцо и Цветан Грозданов раскажуваат дека површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал[1] Воено, пронајдени се 23 монети на кралот Персеј, како и монети од Амфипол, Пела и Тесалоника од автономна Македонија за време на Филип V и Персеј.[2]

Според Виктор Лилчиќ, ова градиште било военостратегиска база на Персеј и Филип V, која заедно со утврдените бази Кула, Кале и Ќоселери биле насочени кон одбраната на градот Вилазора и другите градови во Овчеполието како оние на Градиште кај Немањици, Градиште кај Мечкуевци и Кула кај Судик.[2]

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 348. ISBN 9989-649-28-6.
  2. 2,0 2,1 Јакимовски, Антонио; Саракински, Војислав (2022). Пајонија и Пајонците. Извори, историја, археологија (PDF). Скопје: Филозофски факултет, УКИМ. стр. 342-343. ISBN 978-608-238-210-4. Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-01-29. Посетено на 2024-01-29.