Војислав Саракински
Војислав Саракински (Скопје, 1975) — македонски историчар и класичар, доктор на историски науки од областа на античката историја и редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ при Филозофскиот факултет на катедрата за Историја.
Војислав Саракински | |
---|---|
Роден(а) | 1975 Скопје |
Живеалиште | Скопје |
Националност | Македонец |
Полиња | античка историја |
Установи | Филозофски факултет - Скопје |
Образование | Филозофски факултет - Скопје |
Животопис
уредиОсновното и средното образование ги завршил во Скопје. Во 1998 година дипломирал на Институтот за Класични студии со темата „Атематскиот датив во ајолските и аркадо-кипарските дијалекти“.
Од 1999 работел како професор по латински јазик во средните училишта „Георги Димитров“ и „Цветан Димов“ во Скопје, а во 2001 година бил ангажиран како демонстратор на Институтот за историја. Во 2003 година ја одбранил магистерската теза со наслов Decepta Peloponnesia: Македонија и атинскиот експанзионизам (478-413 пр.н.е.), а во 2010 – докторската дисертација со наслов Persomacedonica: македонското и персиското кралство од 512 до 336 г.пр.н.е., со што се здобил со научен степен доктор по историски науки. Последователно бил избиран за доцент (2010), вонреден професор (2015) и редовен професор (2020) на Институтот за историја. Предава на првиот, вториот и третиот циклус на студии на Филозофскиот факултет.
Важи за експерт во областа на античката историја. Предава по предметите: Историја на стариот век 1 и 2, Историја на Античките Македонци 1, Историја на античкиот свет и Увод во античката историографија.
Тој учествува во изработката на лексикографски и картографски трудови и ја врши должноста на секретар на Одборот на уредници на меѓународното научно списание „Жива антика“.
Надвор од потесната специјалност, се занимава со дигитализација и обработка на научниот опус на УКИМ и Филозофскиот факултет. Тој е модератор на Порталот за научна периодика на Филозофскиот факултет во Скопје и администратор на Ризницата на научни трудови на УКИМ.[1]
Библиографија
уредиСаракински е автор на шеесетина стручни трудови со различен обем, објавени во домашни и меѓународни списанија; преведува книжевни дела од класичните јазици, како и стручна литература од современи јазици.
Позначајни негови дела и статии се:
- “Filipe de Anfaxitide, as cidades da Macedônia Antiga e as incertezas sobre o modelo poliade”. In A. Figueiredo Duarte & J. R. de Paiva Gomes (eds.), Pólis, Urbs e Cidades no Mediterrâneo Antigo, Revista Nearco v. 11, n. 2, pp. 196–217.
- “The many nationalities of Hristofor Žefarović”, Analele Universităţii Ovidius din Constanţa – Seria Istorie 16 (2019), pp. 5–17. [со В. Ѓорѓиев]
- Антички државни системи. Универзитетски учебник. Филозофски факултет, Скопје, 2019. [со Стефан Пановски]
- “How to Etch a Philhellene: Alexander I, Herodotus and historiography as a tool”. In Dimovska-Janjatova, V., Toševa, D. (eds.), Exegi monumentum aere perennius. Papers in Honor of prof. E. Koleva, prof. Lj. Basotova and prof. D. Čadikovska on the Occasion of the 85th Anniversary of Their Birth. Systasis, Special Edition 5 (2019), 107–124. [со Стефан Пановски]
- “Migrants et réfugiés dans le monde Mycenéen? Les sources écrites”, Živa Antika 68 (2018), pp. 25–38. [со Р. Дуев]
- “Comfortably Sunk: Philip, the Battle of Chios and the list of losses in Polybius”, in H. Popov & J. Tzvetkova (eds.), ΚΡΑΤΙΣΤΟΣ, Volume in Honour of Professor Peter Delev, Sofia University – Bulgarian Academy of Sciences, 2017, pp. 110-119. [со С. Пановски]
- Историја на Стариот Исток. Универзитетски учебник. Филозофски факултет, Скопје, 2017.
- “Sur quelques problèmes de la toponymie macédonienne”. Živa Antika 67 (2017),97–114. [со В. Ѓорѓиев]
- “‘Textbook truths’ and political dilemmas: The image of Ancent Macedonia in 19th century Greek historiography”. Along Clio’s Ways… Topical Problems of Modern Historical Science 1 (2016), 127–136. [со Д. Јовановски]
- „Филип, кој (не) сакаше да кралува“. Годишен зборник на Филозофскиот факултет 69 (2016), 137–153
- „Сребрениот витез и самракот на републиката“. In Марк Тулиј Кикерон, Избрани писма, превод од латински, белешки и коментари С. Кочовска. Три, Скопје, 2014, 5–34
- “Musings on the facts and purpose of Rhaikelos”. Živa Antika 64 (2014), 185–204.
- „Кон ‘Историите’ на Корнелиј Такит“. In Такит, Истории, превод од латински и поговор Љ. Басотова. Панили, Скопје, 2013, 5–25.
- “Collectanea ex operis auctorum Romanorum ad Macedoniam pertinentia”. In De Oliveira, F.(coord.), Europatria.Universidade de Coimbra, 2013, 275–330.
- Persomacedonica: Македонија и Персија пред Александар. Филозофски факултет Скопје, 2013.
- “Whither the Winds Blow: Philip’s Persian Policies, or the Lack Thereof”. Živa Antika 62 (2012), 49–87. [со С. Пановски]
- „Три планини до Хелада: цртички за персиското минување низ Македонија“, Гласник ИНИ 55.1-2 (2011), pp. 7-25.
- “The Fallacy of the European Satrapy”. Živa Antika 60 (2010), 77–108.
- Ѕидни историски карти за наставата по историја. Тримакс, Скопје. [со Н. Проева]
- Плутарх, Напоредни животописи: ликови од историјата на древна Македонија. Historia Antiqua Macedonica 7, Скопје, 2008.
- „Дискретната смрт на методологијата“. Историја 42.1-2 (2006), 165–177.
- „Кон ‘Аналите’ на Корнелиј Такит“. In Такит, Анали, превод од латински и поговор Љ. Басотова. Три, Скопје, 2005.
- „За немирниот беседник и неговите стрели“. In Лукијан од Самосата, Како треба да се пишува историја, Аз-Буки, Скопје, 2004.
- Лукијан од Самосата, Како треба да се пишува историја. Аз-Буки, Скопје, 2004.
- „Улогата на Македонија во Грчко-персиските војни“. IV предавање во серијата Македонија во античко време. Француски културен центар, Скопје, 11 март 2004.
- Светониј Транквил, Дванаесетте римски цареви. Култура, Скопје, 2001. [со В. Димовска – Јањатова]
Наводи
уреди- ↑ „д-р Војислав Саракински“. Филозофски факултет - Скопје. Посетено на 31 мај 2023.