Гигабајт

(Пренасочено од ГБ)
Кратна на бајтовите
Десетични
Вредност SI
1000 кБ килобајт
10002 МБ мегабајт
10003 ГБ гигабајт
10004 ТБ терабајт
10005 ПБ петабајт
10006 ЕБ ексабајт
10007 ЗБ затабајт
10008 ЈБ јотабајт
10009 РБ ронабајт
100010 КвБ кветабајт
Двоични
Вредност IEC Склад
1024 КиБ кибибајт КБ килобајт
10242 МиБ мебибајт МБ мегабајт
10243 ГиБ гибибајт ГБ гигабајт
10244 ТиБ тебибајт ТБ терабајт
10245 ПиБ пебибајт
10246 ЕиБ ексбибајт
10247 ЗиБ зебибајт
10248 ЈиБ јобибајт

Гигабајт (англиски: gigabyte) — содржател (изведена единица) на единицата за дигитални податоци бајт. Претставкатагига“ начи 109 според SI-системот, па така 1 „гигабајт“ изнесува 1000000000бајти. Симбол на единицата е ГБ[1] (GB) или Гбајт (Gbyte), но не и Гб или Gb (мало б), бидејќи ова е симбол за гигабит.

Порано, во некои области на информатиката поимот се користел со значење на гибибајт, т.е. 1073741824 (10243 или 230) бајти. Институт на електротехнички и електронски инженери (IEEE) во САД го определил поимот во однос на неговата употреба кај струјните разводници.[2] Меѓутоа во 2000 г, IEEE ја усвоил препораката на Меѓународната електротехничка комисија (IEC) за употреба на толкување со метричка претставка.

Денес употребата на поимот „гигабајт“ и понатаму зависи од контекстот. Кога станува збор за капацитет на складирање информации, тогаш единицата подразбира 109 бајти. Ова важи и за количеството на пренесени податоци преку телекомуникациски кола, поради тоа што SI-претставката отсекогаш наоѓал посветена примена во телекомуникациите и сметачките мрежи. Кога станува збор за големина на RAM, гигабајтот има бинарно толкување од 10243 бајти, т.е. како синоним за гибибајт. Податотечните системи и програмите ја изразуваат големината на податотеките или слободниот простор со некоја мешвина на SI-единици и бинарни единици; тука напати се користат SI-предикси за да се претстави бинарното толкување - т.е. бројот се изразува во гагабајти (GB), кога всушност треба да се изрази во гибибајти (ГиБ, GiB).

Како решение за оваа недоследност, Меѓународната електротехничка комисија ја промовира употребата на поимот „гибибајт“ за бинарно толкување. Овој став го застапуваат и други стандардизациони организации како IEEE, Меѓународниот комитет за тегови и мерки (CIPM) и Националниот институт за стандарди и технологија на САД (NIST), но бинарните претставки досега не се широко прифатени. Индустрискиот конзорциум JEDEC и понатаму им препорачува на производителите на носачи на податоци да ја користат номенклатуратата IEEE 100 за употреба на метрички претставки како кило, мега и гига во нивно бинарно толкување.

Примери за гигабајтски капацитет

уреди
  • Еден час телевизиски програм со стандардна дефиниција (SDTV) при 2,2 Мбит/сек — околу 1 ГБ.
  • Седумминутен телевизиски програм со висока дефиниција (HDTV) при 19,39 Мбит/сек — околу 1 ГБ.
  • 114 минути незбиена снимка со CD-квалитет при 1,4 Мбит/сек — околу 1 ГБ.
  • DVD-R има капацитет од 4,7 ГБ.
  • Двослоен Blu-ray диск има капацитет од 50 ГБ.
  • UMD-диск има капацитет од 0,9 ГБ податоци. (1,8 GB ако е двослоен)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Поимник на македонски зборови од областа на информатичката технологија“ (PDF). Министерство за информатичко општество на РМ. стр. 22. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-09-11. Посетено на 17 ноември 2010. (македонски)
  2. IEEE Standard Definitions for Power Switchgear, IEEE Std C37.100-1992, E-ISBN 0-7381-1047-7, 1992

Надворешни врски

уреди