Врановци

село во Општина Врапчиште
(Пренасочено од Врањовце)

Врановци — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.

Врановци
Врановци во рамките на Македонија
Врановци
Местоположба на Врановци во Македонија
Врановци на карта

Карта

Координати 41°49′37″N 20°51′59″E / 41.82694° СГШ; 20.86639° ИГД / 41.82694; 20.86639
Општина Врапчиште
Население 312 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 07013
Надм. вис. 620 м
Врановци на општинската карта

Атарот на Врановци во рамките на општината
Врановци на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Историја

уреди

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]

Стопанство

уреди

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948547—    
1953603+10.2%
1961632+4.8%
1971826+30.7%
1981898+8.7%
ГодинаНас.±%
19910[3]−100.0%
1994638—    
2002480−24.8%
2021312−35.0%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци.[4]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 480 жители, од кои 2 Турци, 477 Албанци и 1 останат.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 312 жители, од кои 303 Албанци и 9 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 244 547 603 632 826 898 0 638 480 312
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

уреди

Врановци е албанско село.

Според истражувањата од 1946 година, родови во селото:

  • Камберовци (5 к.), Фетоски (10 к.) и Уљароски (9 к.) наведените три рода во селото биле староседелски. Основачите на родовите зборувале само македонски, но преку брачни врски со доселените родови од Албанија целосно се албанизирале.
  • Јонуз (1 к.) доселени се од селото Пожаране. А таму од Долна Река. Основачот на родот бил Торбеш.
  • Рамовци (7 к.) доселени се од Љума во северна Албанија.
  • Јонузовци (4 к.) доселени се од Љума во северна Албанија.
  • Ељезовци (4 к.) доселени се од Љума во северна Албанија.
  • Мемедови (20 к.) доселени се од Чаје кај Љума во северна Албанија.
  • Ајвазовци (10 к.) исто потекло како и претходниот род.
  • Аџијоски (4 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
  • Куртовци (6 к.) доселени се од Љума во северна Албанија.
  • Дане (1 к.) основачот на родот е доселен како домазет од северна Албанија.
  • Мета (1 к.) доселени се од селото Прошовце. А таму од Љума во Албанија
  • Бектеш (1 к.) доселени се од селото Речани. А таму од северна Албанија.[11]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 453 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Ново Село.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 697 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

уреди