Волфсберг (Тирингија)

Волфсберг (германски: Wolfsberg) — поранешна општина во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Од 6 јули 2019 година претставува дел од градот Илменау.

Волфсберг
Место во Илменау
Црквата во Бихело
Црквата во Бихело
Црквата во Бихело
Грб на Волфсберг
Волфсберг (Тирингија) во рамките на Германија
Волфсберг (Тирингија)
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Илм
Општина Илменау
Место единици 3
Основни податоци
Површина 28,63 км2
Надм. височина 400 м
Население 2.918  (31 декември 2016)
 - Густина 102 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. IK
Пошт. бр. 98704
Повик. бр. 036785
Портал www.wolfsberggemeinde.de
Координати 50°42′20″N 10°59′20″E / 50.70556° СГШ; 10.98889° ИГД / 50.70556; 10.98889

Местото се наоѓа во јужниот дел на округот, околу четири километри источно од Илменау. Волфсберг бил основан во 1994 година од местата Грефинау-Ангштет, Вимбах и Бихело. Најголемо место е Грефинау-Ангштет, кое било и административно седиште.

Името на општината потекнува од истоимениот врв во Тириншката Шума со височина од 527 метри, кој се наоѓа помеѓу трите села.

Географија

уреди

Најниска точка во општинското подрачје е околу 400 метри во долината на Илм кај Грефинау-Ангштет, а највисока точка е истоимениот врв со 527 метри. Најголема река низ општината е Илм, која тече во насока југ-север.

Општински единици

уреди

Волфсберг се состоел од следниве три места:

  • Грефинау-Ангштет (со малата населба Лемансбрик)
  • Вимбах
  • Бихело

Соседни општини

уреди

Волфсберг се граничел со следниве општини (почнувајќи од север, надесно): Випфратал, Илмтал, Кенигзе-Ротенбах, Герен, Лангевизен и Илменау]

Надворешни врски

уреди