Илмтал (германски: Ilmtal) — село и поранешна општина во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Од 6 јули 2018 година претставува дел од градот Штатилм.

Илмтал
Место во Штатилм
Фахверк куќи во Геселборн
Фахверк куќи во Геселборн
Фахверк куќи во Геселборн
Грб на Илмтал
Илмтал во рамките на Германија
Илмтал
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Илм
Општина Штатилм
Основни податоци
Површина 102,70 км2
Надм. височина 370 м
Население 3.731  (31 декември 2016)
 - Густина 36 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. IK
Пошт. бр. 99326
Повик. бр. 03629
Портал www.ilmtal.eu
Координати 50°45′9″N 11°2′29″E / 50.75250° СГШ; 11.04139° ИГД / 50.75250; 11.04139

Општината била создадена на 1 јуни 1996 година од општините Динштет-Хетштет, Еренштајн, Грослибринген, Навинден, Нидервилинген и Зингерберг. Името го добила по реката Илм. Административното седиште на општината било во местото Грисхајм.

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Општината Илмтал создавала облик на латиничната буква U околу градот Штатилм и можела да биде поделена на четири региони. На североисток се наоѓале местата Динштет, Естереда, Гросхетштет и Клајнхетштет во долината на Илм. Тие биле дел од поранешната општина Динштет-Хетштет. На југоисток се наоѓал регионот Дојбе, наречен по малата река Дојбе со селата Грослибринген, Клајнлибринген, Навиден, Еренштајн и Делштет. Југозападниот дел од општината се наоѓал околу Зингер Берг со местата Гајлсдорф, Геселборн, Зинген, Дернфелд на Илм, Котендорф, Трасдорф, Грисхајм и Хамерсфелд, кои биле во поранешната општина Зингерберг. На северозапад се наоѓала поранешната општина Нидервилинген со селата Нидервилинген, Обервилинген, Беринген и Хоес Кројц во долината на Випфра, мала притока на Илм.

Најниска точка на општината се наоѓа на 300 метри во долината на Илм кај Динштет, додека највисока точка е Зингер Берг со 583 метри.

Соседни општини

уреди

Општината се граничела со следниве места (почнувајќи на север, па надесно): Беслебен-Вилерслебен, Штатилм, Вицлебен, Кранихфелд, Ремда-Тајхел, Кенигзе-Ротенбах, Волфсберг и Випфратал.

Општински единици

уреди

Општината била составена од 21 место (бројот на жители е од 30 април 2016 година):

  • Беринген (222)
  • Котендорф (99)
  • Динштет (437)
  • Делштет (66)
  • Дернфелд на Илм (166)
  • Еренштајн (128)
  • Гајлсдорф (89)
  • Геселборн (91)
  • Грисхајм (261)
  • Гросхетштет (139)
  • Грослибринген (303)
  • Хамерсфелд (97)
  • Хоес Кројц (17)
  • Клајнхетштет (88)
  • Клајнлибринген (122)
  • Навинден (64)
  • Нидервилинген (637)
  • Обервилинген (129)
  • Естереда (50)
  • Зинген (348)
  • Трасдорф (199)

Надворешни врски

уреди