Герен (германски: Gehren) — поранешен град и општина во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа околу осум километри источно од градот Илменау во долината на Волрозе помеѓу Тириншката Шума на југозапад и Тириншката Висорамнина на југоисток. Денес, во Герен е сместено покраинското шумско училиште.

Герен
Место во Илменау
Градската црква
Градската црква
Градската црква
Грб на Герен
Герен (Илм) во рамките на Германија
Герен (Илм)
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Илм
Општина Илменау
Место единици 2
Основни податоци
Површина 43,79 км2
Надм. височина 475 м
Население 2.973  (31 декември 2018)
 - Густина 68 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. IK
Пошт. бр. 98708
Повик. бр. 036783
Местоположба на место Герен во рамките на округот Илм
Карта
Карта
Координати 50°38′55″N 11°0′12″E / 50.64861° СГШ; 11.00333° ИГД / 50.64861; 11.00333

Герен бил седиште на амт уште од средниот век. Во областа на амтот влегувал југоисточниот дел на денешниот округ Илм околу местата Лангевизен, Герен и Гросбрајтенбах, кои припаѓале на Големото Војводство Шварцбург-Зондерсхаузен. Кон крајот на XIX век, во Герен се отвориле бројни фабрики со индустријализацијата.

Од 6 јули 2018 година претставува дел од градот Илменау, каде бил припоен со административната реформа.

Географија

уреди

Герен се наоѓа на североисточниот раб од Тириншката Шума, околу осум километри источно од Илменау. На југоисток од градот почнува Тириншката Висорамнина. Герен се наоѓа на устието на реките Шобзе во Волрозе, притока на Илм.

Северниот, југозападниот и југоисточниот дел на градското подрачје се шумски делови, додека во остатокот се наоѓаат долини.

Историја

уреди

Станал град во 1855 година. Помеѓу 1881 и 1998 година, Герен бил поврзан со Илменау со железница.

Замокот во Герен бил запален во 1936 година.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди